Не мислам на машка облека кај машки, туку кај девојките Некои едноставно сакаат широка облека па често си носат фармерки, кошули, маици, блузони, сакоа, вратоврски од машките. Дали сами купуваат, дали "крадат" од браќа, дечковци, другари сеедно Сте носеле ли машка облека купена од машките одели во продавниците? Исти сега се актуелни некои широки модели со машки крој, ги сакате? Или сепак сакате тесна женствена облека Eве неколку примери. Машките широки фармерки Сакоа со машки крој, она што е сега ултра популарно Машките кошули Maшки чевли Лептир машна и вратоврска
Како помала многу сакав да се облакам како машко, нешто како раперски стил,па зимав од брат ми облека. Од сликиве што се наведени горе носам само сако, а би сакала и да си најдам лептир машна Гледав низ град кондурчиња вакви али многу ми се ниски и затоа не ми се допаѓаат. Но,кога би бирала дали да носам женствена облека или машка дефинитивно би се одлучила за женствена
Па кошулите морам да кажам дека ми се допаѓаат иако немам до сега таква купено , сите ми се уз тело Инаку знам често да земам од дечко ми некој дуксер и да си го носам во школо , таков случај имаме денес , така што му земав еден убав и ќе си го носам утре
"Машките кошули" - кошулите со машки крој, раскопчани до трето копче, убаво искомбинирани, можат да бидат ултра секси и женствени. Сепак на женско тело стојат поинаку, нежно го отцртуваат Мене ми се допаѓаат. А еве ги и фармерките. Не се лоши, но незнам дали би ги носела. Вака кога си замислувам, да, но сега да се облечам за излегување, а ги имам во орманот незнам дали би ги одбрала. Најверојатно би се фатила за нешто друго. Ме потсеќаат на некој претерано опуштен изглед кој не е мој стил. Додека овие ми се претерани. Не би ги носела: (Или така барем мислам... знаете како реагира човечкиот мозок, она што постојано му е пред очи, дури и ако не му се допаѓа на почетокот, кога окото ќе навикне, почнува да ви се допаѓа) А видете ги машките модели: Does it ring a bell?
Сакам машка облека...понекогаш знам да си купам машка кошула или машки дуксер...др сеуште немам.. Но во план ми е едно убаво сако
Па сега машка... Не баш машка, ама имам по некое онака кежуал по лајтерско парченце во гардеробата, кои знам да ги искомбинирам за некоја прошетка. Повеќе сум за тесното, онака женствена гардероба (па мајку му жени сме или што ), ама знам да направам и по некој исклучок, така да ептен сум непредвидлива. Имам 2 пара широки фармерки, едните се сиви, а другите се онака искинати овде онде, и најчесто ги комбинирам со некое дуксерче и елек со крзно на капата што се, патики и очила за сонце, или со некоја маичка складно искомбинирана, доколку е потопло надвор... И ајде да не набројувам.... Зачи понекогаш знам онака полабаво да си се облечам, ама дефинитивно не баш онака со врски и такви чевли (гледам тука има постирано).
Посебно е актуелен тренд оваа есен. Попознат како Androgynous trend, всушност облека со машки крој но и можни женствени елементи. Eве го и на улиците Или познатите Boyfriend jeans кои чат пат може да се видат кај нас и панталони, другово преееретко да не речам не сум видела
Мерак ми е да имам едни машки панталони, па деновиве ќе одам кај братучед ми да пробуричкам низ плакарот. Пред некој ден носев машка кошула ама прилагодена на мојов стил и дечко ми ми рече многу секси сум му била. Ми се допаѓаат девојки облечени вака, мислам дека подеднакво секси ми се како во тесна облека. Но, најбитно е кој како ја носи облеката.
После 1 година да ја активирам темава, се повеќе ги гледам оние момчести оксфотки кои ги носат девојкиве во предобри комбинации, сакоа со машки крој, кошули од момчињата итн.