1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мелено месо

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 2 ноември 2011.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ајде да постираме рецепти од јадења кои ги правиме од мелено месо.

    Бидејќи не јадам месо во друга форма, честопати меленото месо го додавам во сосови за тестенини или си правам ќофтиња.

    Меленото месо се зачинува со вегета и бибер, додавам ситно сецкан кромид, презла , јајце (може и не мора), се обликуваат топчиња и се пржат.

    Понекогаш знам да си смелам и пилешки стек па и со него ги правам ќофтињата со тоа што додавам и кашкавал.

    Болоњезе сосот го знаете да не го пишувам.
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Bо моментов не ми текнува многу,тоа за топчињата го знам,кога ке правам мусака,освен мелено месо додавам кромид,домат,морков,печурки и зачини :D

    и за полнетите пиперки,кромид,лук,ориз и црвен пипер :D

    Eх ништо не сум знаела да правам,ај споделете нешто :wasntme:
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас ќе пишам еден рецепт со мелено месо, ако не е соодветен за темава, нека биде избришан или префрлен во соодветна.
    Потрбни производи:
    -1 главица кромид
    -2-3 моркови
    -1-2 пиперки
    -1-2 патлиџани
    -300-400 гр. боранија
    -300-400 гр. мелено месо
    -зачини по желба
    -2-3 јајца
    Во тенџерче со зејтин ставам ситно сецкан кромид, морков и пиперка и пропржувам, додавам малку водичка за да издинста и да омекне зеленчукот.
    Потоа додавам ситно сецкан патлиџан на кој му е претходно излупена лушпата, пак пропржувам, додавам мелено месо (300-400гр.), пржиме и потоа следат зачини-сол, вегета, бибер, црвен пипер и јас ставам ловоров лист и малку оригано.
    Откако убаво ќе се запржи меленото месо додавам боранија (отприлика исто колку и мелено месо 300-400 гр. ама може и повеќе или помалку, во зависност што сакате да има повеќе-месо или боранија). Пак пропржуваме, целата содржина ја префрламе во тавче и се додава топла вода колку да се покрие манџата (така да ја наречам).
    Се пече на 250 степени во релна отприлика 30-40 мин., кога водичката речиси ќе испари се додават 2-3 матени јајца (како кај мусака) и се остава да се допече.
    Како додаток посебен шмек и вкус дава павлаката.
    Бон апетит. :)
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  4. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Сарма ,со кисела зелка или со лозов лист.
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Пробајте во меленото месо да додадете чубрица- ја има и во маркетите пакувана, а и по пазарите- преубав вкус му дава на месото.
    Еве како изгледа, на оригано потсеќа по изглед, ама вкусот и е каде-каде поубав, јас веќе не користам оригано, целосно го заменив со неа.
    [​IMG]
    А меленото месо е поубаво доколку и кромидот е мелен и размешан внатре- така што можете кога одите во месара да си однесете кромид и да кажете да ви го смелат заедно со месото ;) .

    Јас кога правам ќофтиња ставам мелено месо (обично е мешано свинско со телешко, повкусно ми е такво) и ставам вагета, сол, чубрица, и едно јајце и брашно ептен малку за ја апсорбира влажноста од јајцето и така ги пржам и превкусни се, нема човек што не ги бендисал 8) :lol:

    А во друга варијанта, можете да си направите ролат со мелено месо- многу е декоративен, или пак тестенини со мелено месо и печурки.

    Маја, ако не јадеш месо во друга верзија, а сакаш да јадеш некои манџи- прави ги со мелено- само нема да го динсташ како другото месо што не е мелено, туку ќе го пропржиш со кромид и ќе ги додадеш состојките за манџата ;)
     
    На ines.h и maja8 им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Кога правите ќуфтиња од мелено месо додадете и сусам (подобро е ако е мелен/мељан) дава прекрасна арома. Од мелено месо се прави и убава сарма :) - пропржи се кромид, морков, мелено месо, ориз и се мотаат сарми. Зачини по вкус, сол, вегета, буковец.... (си има тема сарма се убаво објаснето :) ).
    Од мелено месо се прави и бурек, кој е по сукани работи. Се прави фил за корите со што се пропржи кромид и месо и зачини по вкус.
    Се прави и чорба која јас не ја обожаваам воопшто. Се прават ќувтиња и се варат во вода а во водата се додаваат мирудии - патлиџан, зачини, кромид, морков.
    Полнето пиле или шницла со мелено месо (види си рецепти на храна и вино да не развлекувам тука по постот :) ).....
    Подварок или некои ја викаат растурена сарма се прави со мелено месо, баш пред некој ден имав тоа за ручек. Се пропржува меленото месо со кромид, морков и зачини и малку буковец па се додаде малку ориз и сецкано зеље (ако е тазе се додава и многу малку лимонтус а ако имате скиселено зеље се става тоа), се налева со вода тавчето и оди во релна.....
     
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Им украдов еден рецеот од Храна и вино, интересно изгледа

    Бовчи со мелено месо

    За подготовка на ова предјадење за 4 лица потребни ви се следниве производи:
    - 500 гр. Мелено месо
    - 1 јајце
    - 2 главици кромид
    - 1 кгр. Брашно
    - 500 мл. Вода
    - масло за јадење
    - сол и црн пипер

    Потребно време за подготовка на ова предјадење е 40-тина минути.

    Ги земаме двете главици кромид и на даската за сечење ги сечкаме на мали парченца. Потоа го собираме исечканиот кромид и го ставаме во еден сад.

    На оган ставаме една тава и во неа ставаме масло за јадење да се загрее. Потоа во тавата го ставаме исечканиот кромид да се пржи и го посолуваме. За време на пржењето кромидот го промешуваме.

    Додека се пржи кромидот, во еден поголем сад на работната маса го ставаме брашното. На средината на брашното со лажица формираме длабнатинка и во неа ставаме сол. Потоа додаваме и масло за јадење. Потоа со лажица го промешуваме брашното, солта и маслото. Продолжувајќи да мешаме со лажицата постепено ја додаваме млаката вода.

    Кога кромидот е пржен, во тавата го додаваме меленото месо. Смесата од кромид и мелено месо ја наросуваме со црн пипер и ја посолуваме. Потоа земаме рачна маталка и го ситниме меленото месо, а притоа и го мешаме. Кога меленото месо ќе се испржи ја тргаме тавата од оган и ја ставаме на работната маса.

    Смесата од брашно, сол и масло за јадење започнуваме убаво да ја месиме со рака, додека не стане мазна. Потоа вака подготвеното тесто, на работната маса го сечеме на 6 парчиња. Секое парче едно по едно го месиме на работната маса, додека добиеме топчиња. Го земаме првото топче тесто, и со сукалка го сукаме во големина на чинија. Потоа го попрскуваме со масло за јадење и го оставаме настрана. Истото го правиме и со второто топче и со сите топчиња додека ги потрошиме. Сите кори освен најгорната ги попрскуваме со масло и ги редиме една врз друга. Ги земаме сите наредени кори, и убаво ги притискаме со раце за да се залепат една за друга. Со сукалката сукаме голема кора како за пита.
    Земаме едно јајце го кршиме и го ставаме во тавата со филот за бовчите. Промешуваме со дрвената лажица. Земаме една правоаголна тава за печење и ја попрскуваме со масло за јадење. Од големата кора со нож сечеме еднакви квадратчиња, кои ќе ги формираме во бовчи.
    На секое квадратче со лажица ставаме од претходно подготвениот фил, и го превиткуваме тестото на половина за да добиеме правоаголна форма. Добиените бовчи со прсти убаво ги притискаме од сите 3 страни, за да не излегува филот. Со ова бовчите се подготвени и ги редиме во тавата за печење.
    Тавата со бовчите ја ставаме во фурна да се пече. Печеме на температура од 250 степени 20-тина минути.
    Тавата со испечените бовчи ја вадиме од рерна и ја ставаме на работната маса. На чинијата за послужување со лажица за сладолед, најпрво ставаме една топка кисела павлака на средината. Потоа од тавата ги вадиме печените бовчи и ги редиме околу топката од кисела павлака. Декорираме со едно гранче магдонос врз павлаката. Со тоа бовчите со мелено месо се подготвени.

    Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете розово вино.

    Добар апетит.
     
    На viki_a********** му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Кај мене дома многу често се користи мелено месо во јадењата. И јас си имам еден мој рецепт со мелено месо.
    Вака се запржува главица кромид заедно со морков, го додавам меленотот месо и така си се пропржуваат, на тоа додавам тоамтео сос, ситно сецкани компири и златна мешавина и го оставам така да покрчка . Се зачинува по вкус.
    Исто така меленото месо ни е неизбжно во мусаката со компири, мусактакта со тиквички.
    Многу пати мајка ми прави и густи манџи со мелено месо нешто слично на предходниот рецепт што го напишав.
     
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Tурли тава со мелено месо... Мераци...
    Се става од секој зеленчук што го имаш дома (исецкана зелка, кромид, патлиџанче, морков, пиперка, модри патлиџани итн) и 2-3 компира (зависи за колку лица е јадењето), брашно малку, малку црвен пипер, зачини по вкус, месото може а и не мора да е претходно малце пропржено во тава. Сето ова се става во длабок овален сад или земјена тава, се налева со вода најмалку пола јадење да е во вода и се пече на 250, а по пола час се намалува на 200. Превкусно.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.715
    Допаѓања:
    122.035
    Не е којзнае што,последен пат оризот си го правев со мелено месо.Беше превкусен отсега така ќе правам.
    Значи се запржува кромидче,со зачини и магдонос,се додава меленото месо а потоа и оризот ,се става се во плехче,во тавата кај што сте пржеле се додава вода ,нека остане на оган додека да стане млака,и се истура во тавчето колку да го облие оризот и месото.
    Мене ми беше преслатко а и на дечко ми,така да пробајте.

    Мелено месо обожавам инаку.Со него си правам сосови за шпагети,лазањи,бурек со готови кори,ма оди во се! Единствено што не сакам се ќофтиња со мелено месо :worried:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Јас летното јадење со пиперки и домати (во овој крај се вика летна манџа :) ), го правам со мелено месо, нели класичното е откако ќе се прокрчкаат доматите и пиперките на крајот да се додадат неколку изматени јајца и бидејќи мајка ми не јаде јајца ние си ја преадаптиравме со мелено месо и одлична е.
    На зејтин пропржувам кромид, мелено месо и морков со зачин (вегета, црн пипер и буковка јас ставам),после тоа се додаваат пиперките па се пропржува уште малку и се додаваат излупени, ситно исецкани домати колку посочни, толку подобро и се остава така да се крчка извесно време, зависи кој колку сака да му е потечно или позгустено јадењето. Па на крајот ако се додаде и лукче, абе за мерак.
    Одлично иде со сиренце, мх!
     
  12. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    можам да кажам дека многу често го користам меленото месо кога готвам , буквално во се, во мусака, полнети пиперки, канелони, кофтиња....
    еве ке ставам неколку рецепти и по некое сличе ;)
    1.Мусака
    Потребни состојки:
    -половина килограм мешано мелено месо
    -еден килограм компири
    -едно јајце
    -100 мл јогурт или кисело млеко
    -зачин
    -мелен црвен пипер
    -ориз
    -кромид
    Компирите ги лупиме и ги сечеме на кругови.Во тава на оган со загреано масло најпрво го пржиме кромидот, па го додаваме месото, оризот, црвениот пипер, зачинуваме и ги пропржуваме сите состојки заедно. Во мегувреме во тавата ставаме еден ред од компирите, па ставаме од смесата со месото, и повторно ставаме од компирите. и потоа ставаме вода, да ги покрие компирите околу еден прст над нив.
    Така подготвената мусака ја ставаме во загреана рерна. Пред крајот ја вадиме и ја полеваме од горе со смесата од јајце и јогурт и ја враќаме во рерната уште десетина минути.

    2.Канелони со мелено месо
    -готови кори
    -200-300 гр мелено месо
    -кромид
    -кечап
    -кашкавал
    -павлака
    -јајце
    Најпрво го пржиме кромидот на загреано масло, па го додаваме месото, и откако ке се испрже додаваме кечап по желба. Секоја кора ја делиме на половина и ставаме од испрженото месо па ја виткаме кората од двете страни кон внатресноста и така правиме со секоја кора. Корите ги ставаме во намрсена тава, од горе ги преливаме со мешавината од павлака и јајце, и најгоре ставеме рендам кашкавал. Печеме во рерна околу половина час додека не поруменат од горе
    -кофтенцата ке ги видите утре ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • 10.JPG
      10.JPG
      Големина на фајлот:
      19,3 KB
      Прегледи:
      1.088
    • DSC00156.JPG
      DSC00156.JPG
      Големина на фајлот:
      68,5 KB
      Прегледи:
      1.090
    • DSC00157.JPG
      DSC00157.JPG
      Големина на фајлот:
      46,1 KB
      Прегледи:
      1.086
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  13. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    денеска го направив,превкусно беше,се изнајадовме :lol: боранијата многу убав и необичен вкус му дава :)
     
    На mal.ecka и lolyta777 им се допаѓа ова.
  14. Gluvcee

    Gluvcee Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    27
    А дали кога се прави кофтиња со мелено месо добро е да се стави и варен компир.
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Подобро е суво лепче потопено во млеко или вода и исцедено.
     
  16. Gluvcee

    Gluvcee Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    27
    Обично лепче само да е суво
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    СДК вчерашен леб (ако имаш) сув, го потопуваш во млеко и потоа смесата ја земаш во рака и цедиш додека не излезе целото млеко. Така исцеден леб го ставам во месото
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Лепче суво ама потопено во вода и убаво исцедено. Се става и компир, ама мене ми е повкусно ќофтето со леб.
     
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ова го имам пробано и ми се допаѓа (го копирав од друга тема)


     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    мјамммм...мелено месо сакам во се :P во супи,во манџи...во се што може :D највише на обожавам супата на мама што ја прави со мелено месо :P