1. Не го менувајте својот стил според модата На прсти се бројат луѓето во светот кои можат да си дозволат постојано да ја менуваат својата гардероба според моменталниот тренд. Тоа е една работа, но не и најважна зашто не треба слепо да го следиме секој моден тренд. Секој од нас има сопствен, препознатлив стил кој е само негов. Тој стил треба да се освежува, но да се задржи. Ако некое парче е модерно, не значи дека мора да ви се допаѓа и да се вклопува во вашата гардероба! . 2. Инвестирајте во класични парчиња кои никогаш нема да излезат од мода Ова и минатото правило никогаш не одат едно без друго. Правилото е многу едноставно и секој од нас треба да го почитува – не инвестирајте во нешто што планирате да го носите само една сезона. Доколку сакате да имате некое повредно и поскапо парче, нека биде тоа парчето кое никогаш нема да излезе од мода – бела кошула, црни потпетици, фармерки… 3. Секоја девојка треба да поседува бар едно црно здолниште, секое момче – црно сако Едноставното црно здолниште е парчето кое може да се искомбинира на милион начини и е неопходно да го има секоја девојка. Тоа е лесно за комбинирање, без разлика дали треба да се направи посвечена комбинација, комбинација за вечерно излегување или за дневна шема (искомбинирано со рамни чевли и џемперче). Тоа што ова здолниште е во гардеробата на девојките, кај момчињата е црното сако. Сакото е прекрасно парче, без разлика дали е искомбинирано со кошула и кравата или пак со фармерки и интересна маичка со кратки ракави. 4. Никогаш не носете бела облека на туѓа венчавка Едно од најстарите модни правила кое секој од нас го знае. Постојат повеќе причини зашто ова правило се почитува толку време. Носењето бела облека на туѓа венчавка ќе направи невестата да се чувствува неубаво – тоа е нејзиниот посебен ден! Бидете добар пријател и гостин. Колку добро и да ви прилега белата боја, не е неопходно да ја носите баш тој ден од годината. . 5. Пижамите никогаш, никогаш не треба да бидат видени во јавност Доколку на светот сакате да му дадете до знаење дека комбинирањето облека не е вашата главна преокупација, ова не е начинот да го направите тоа! Кога е еден од тие денови кога едноставно сакате да носите нешто удобно и немате време и нерви да смислите што, посегнете по вашиот омилен пар фармерки и некоја едноставна маичка, не по вашите пижами или стари, истегнати тренерки! 6. На работа е секогаш подобро да сте подотерани одошто треба, отколку помалку Иако премногу дотерување за на работното место може понекогаш да направи да се чувствувате неудобно, секогаш е подобра опција отколку одењето на работа несредени. Вашата грижа за изгледот и среденоста кажува многу за вас и вашиот однос и кон други работи во животот. Што е најлошото што може да се случи? – Да изгледате премногу добро, а тоа секој ќе се сложи дека не е некој проблем. 7. Доколку не се чувствувате удобно во нешто – не го носете! Целта на облеката која ја избирате и вашиот стил е да направат да се чувствувате убаво и удобно. Под удобно, покрај физички удобно, се мисли и на тоа дека некое парче треба да ви е и психички удобно за да изгледате одлично во него. Ако облеката која ја носите не ја сакате и не ви се допаѓа, тогаш не ја носете! За да изгледате убаво во очите на другите, треба да бидете сигурни во комбинацијата која сте ја направиле. Доколку не ви се допаѓа тоа што го носите дента – изразот на вашиот лик ќе се промени, начинот на кој се движите, вашиот од, вашата самодоверба ќе биде на пониско ниво и постојано ќе мислите на облеката. . 8. Бидете сигурни и реални во изборот на нови парчиња Кога ќе посегнете по некое парче во продавницата, секогаш, секогаш пред да го купите истото, прашајте се себеси дали имате со што да го носите и дали добро ќе се вклопи во вашата гардероба? При купувањето облека следете го „правилото на тројката“ – доколку немате 3 различни комбинации на ум кои можете да ги направите со тоа парче, бидете реални и не ги давајте своите пари за џабе! 9. Важно е како го носите, не што носите Најважното и најповторуваното правило од сите – облеката што ја носите, носете ја со сигурност и гордост. Како што веќе спомнавме, вашата самодоверба и начинот на кој се гледате себеси, ќе диктира како луѓето ќе гледаат на вас. Доколку многу ви се допаѓа некое невообичаено парче (накит, чевли, јакна…) заради кое мислите дека луѓето чудно ќе ве гледаат и никој друг околу вас нема слично, носете го! Сè додека тоа го правите со гордост и исполнети со самодоверба, тоа ќе ве обележи како личност со стил и ќе ве направи да се чувствувате и изгледате посебно! ----------------------------------------------------------------------------------- Не комбинирајте злато со сребро Доколку дизајнерите на накит немаат проблем да обединуваат златни и сребрени елементи на едно парче, зошто вие би имале проблем да ги ставите во комбинација во рамките на вашиот целокупен изглед. Според стилистите и дизајнерите на накит, оваа комбинација сè повеќе почнува да се почитува. Чевлите мораат да одговараат со чантата Ова правило особено се прекршува доколку чевлите се во иста боја со вашата облека, па се одбира чанта во боја која ќе разбива. Исто така, можете да изгледате неверојатно комбинирајќи три бои од вашата гардероба. Колку поедноставно сте облечени, толку ви е поголем изборот за чевлите и чантата. Сината и зелената не одат заедно Оваа констатација е многу погрешна, особено доколку станува збор за морнарска сина боја, која се смета за втора црна и оди во секаква комбинација, па дури и со зелената. Бебешката сина е многу потешка за комбинирање, но и онака не треба да доминира во вашиот плакар по петнаесеттата година. Хулахопки и отворени потпетици се лоша комбинација Ова правило особено се практикувало за проѕирни хулахопки кои и онака се поретко се носат. Секогаш можете да облечете хулахопки со интересен дезен, комбинирајќи ги со отворени потпетици на плута и да изгледате одлично. Запомнете, оваа комбинација не се препорачува да се изведува со елегантни чевли. Спакувајте ја летната облека Ова правило дефинитивно е најзастарено од сите. Облекувањето во слоеви е сè почест тренд, а парчињата летна облека секогаш се најдобриот избор за комбинирање. Организирајте го плакарот и користете ја зимската со летната облека за да изгледате тренди и модерно. ---------------------------------------------------------------------------------------- Пошто има и мажи на форумов еве некои правила и за нив 1. Секогаш нека ви одговараат каишот и чевлите. Ова е едноставно и добро правило. Најдобро е да се држите до традиционалните бои – црна и кафена. Другите бои се тешки за сложување и генерално треба да ги избегнувате. Ако секој ден носите патики и фармерки комбинирајте ги со каиш од ткаенина. Никогаш не комбинирајте каиш и трегери. 2. Ускладете ги краватата и кошулата. Можете да ги мешате боите и да експериментирате. Не можете да погрешните со еднобојна кошула и кравата со дијагонални линии, модерни точки или суптилни шари. 3. Чорапи. Службено правило за чорапите е дека треба да се исти со бојата на панталоните, иако не е пожелно да се баш идентична нијанса, освен нели ако не носите црно. 4. Рачен часовник. Тоа е моден додаток кој мора да го има секој маж. Црн часовник – црни чевли и каиш; кафен часовник – кафени чевли и каиш. 5. Наочари за сонце. Го подобруваат целокупниот изглед. Одберете модел кој ќе одговара на вашето лице, но и на вашиот карактер.
Знам дека чевлите треба да одговараат на чантата па понекогаш и со ременот и многу внимавам на тие работи,не се носат сандали со чорапи,не се носи карирани пнаталони на пример и кошула хеланки со кратки маички мног накитено со марама,ланче,часовник,алка не иде
Не сметам дека постојат некои сериозни модни правила кои треба да се почитуваат, зошто секое правило може да има исклучок. Број 1 грешка што малдите девојки ја прават кај нас е што на различни настани се облекуваат исто на пр. комбинацијата од нова година ја носат во диско, на вечера на крштевка и на свадба. Сметам дека гардеробата за забава и диско, треба да биде различна од онаа на свадбите. Јас се срамам кога на оро ги гледам со голи грбови до половина, длабоки деколтеа и прекратки фустани, па не е се за секаде. Паметно е при купувањето фустанче да се обрати внимание да биде соодветно за повеќе намени во интерес на економчност. Јас лично имам проблем во комбинирање тегет со црно, воопшто неможам да склопам комбинација. Не зборувам за мастило сина боја која убаво одговара со црно, туку за темна тегет боја. Јас оваа боја ја носам во пролет или во лето како замена за црна која ми е многу депресивна за летна гардероба па ја комбинирам со бело, црвено, крем и др. Број 2 грешка за мене е носење комплетчиња накит. Јас од кожа се вадам кога гледам девојка што носи обетки, ланче, алка и прстен од ист комплет во исто време. Колку некреативно. Кога носите помалку, одбрни парчиња накит тој изгледа поскапо. Број 3 грешка според мене е сатен за млади девојки, го носат на свадби, матури и каде стигнат, овој материјал додава килограми, не се прилагодува убаво на телото, набира и ужасно се фотографира. Зачувајте си ја младоста и изберете нешто откачен, а сатенот оставете го на бабите и тетките.
Ако црната боја се комбинира со сите, тогаш зошто да не може со кафеавата? Јас неодамна слушнав за ова `правило` и не се сложувам. Напротив, постојат многу убави комбинации на црно со кафеава (од темна кафеава, до посветла, кремава), отсекогаш сум ги комбинирала и на очи изгледаат убаво заедно.
Не дека се некои кој знае какви правила , но ете мои се овие (мои ставови и мислења) -Мислам дека не изгледа ич убаво кога се комбинираат сандали (летни) со хулахопки. -Не треба да се комбинираат чизми со тренерки или сандали -Во зимо да не се носат некои летни фустанчиња , особено не оние цветните. -Исто мислам дека хеланките никогаш не треба дасе комбинираат со кратки маички , бидејќи мене ми изгледа одвратно . -Исто и според мене не изгледаат убаво оние што се имитациите на познатите марки чист пример се оние ташните од Шутка по 150 денара со знакот на Шанел напред , што ги има секоја 2ра довојка во ДРЖАВАВА (ке ме извинете сите што имате таква ташна но мене тие ми изгледаат многу евтино у буквална смисла на зборот )
1. Никако носење премногу накит на веќе доволно светкави, шарени, веќе-акцентирани-со-детали или принтани парчиња облека. 2. Црвен лак за нокти најдобро изгледа на кратки нокти, бидејќи инаку изгледа вулгарно и невкусно. 3. Црните хулахопки најдобро изгледаат без никаков дезен. Black is the original classy. 4. Нитни + крзно = edginess. 5. Ако претерате со црната сенка околу очите наместо посакуваниот smokey eye ефект, ќе добиете изглед на јазовец. (Пример: Тејлор Момсен.) 6. Чипканите фустани се одлични за покажување смелост, но ако се носат со погрешна долна облека може да преминете од неверојатно софистицирани до претерано вулгарни во една секунда. 7. Убавите, но крајно неудобни чевли не ви го комплетираат фустанот, само покажуваат колку лошо се чувствувате и покрај тоа што имате фантастичен фустан и одличен пар на чевли. 8. Никој не сака да гледа девојка која цела вечер мора да го спушта фустанот, бидејќи е премногу краток. Кратко, но со мера. 9. Долната облека е за во спална, а не за излегување во јавност. 10. Fake eyelashes + fake hair + bunch of bad makeup = катастрофа.
Модни правила за носење светки на облеката. Доколку сакате да носите светки, било на маица, џемпер или панталони, прилагодете го остатокот од својата комбинација така да биде неутрален. Накитот сведете го на минимум, бидејќи комбинациите со светки на облеката заедно со него ќе изгледаат претерано. Значи нека биде тоа ненападан златен или сребрен прстен или обетки. Никако двете. Изберете еднобојни чевли, еднобојни потпетици со платформа кои ќе одговараат со вашиот фустан. Ако се решите за сјајни чорапи, тогаш остатокот од облеката нека не биде со светки, бидејќи тука треба да се стави акцент на вашите нозе и да не се одвлекува вниманието на нешто друго. Кога носите сјајни комбинации морате да светите и со духот. Нека светките бидат совршен додаток кој ја истакнува вашата убавина и дух полн со самодоверба. Десет вечни модни правила. За секси изглед не се пресудни висината, килограмите или обемот на вашите облини. Важно е да знаете како да ги истакнете вашите атрибути и да ги сокриете вашите недостатоци. Еве ви неколку совети: 1. Болеро: со болеро совршено ќе ги прикриете опуштените мускули на рацете, а ќе покажете дека имате стил. 2. Капут или мантил со каиш: Со капут или мантил со каиш ќе направите илузија дека имате тенок струк. Плус, широките ревери ќе привлечат внимание на вашето лице. 3. Панталоните со риги или раб визуелно ќе го издолжат вашите нозе. 4. Избегнувајте памучни маици кои ќе се прилепат на вашето тело и ќе ви ги оцртаат оние екстра килограми кои сакате да ги скриете. 5. Понастрана од сјајни материјали: Облеката од сјајни материјали само ќе го потенцира она што сакате да го сокриете. Затоа избегнувајте ги сјајните материјали освен ако немате што да сокриете! 6. Сукња во комбинација со непроѕирни хулахопки и високи потпетици ќе ве направи да изгледате повисоко. Облекувањето во една боја до глава до пети секогаш издолжува. 7. Се што ве „сече“ на половина прави да изгледате подебело. Затоа, носете пантолони или со висок или со низок струк. 8. Вертикалните линии се ваш пријател, додека ви советуваме да стоите понастрана од хоризонталните линии. 9. Широк и добро затегнат каиш, со кошула или блуза ќе направи вашиот струг да изгледа помал. 10. Никогаш не носете дречливи бои, освен доколку не се обидувате да истакнете некој дел од вашето тело.
Никогаш не носете одеднаш тигрести чизми над колена, тигреста бунда и тигреста чанта. Да, да, и тоа го видов.
- Тренерки само со патики. Златно правило! - Мешање на повеќе различни принтови во една иста комбинација - аут! own: - Спортска гардероба (тренерки и сл.) + шминка = тотално промашување. own: - Хеланките не можат да се носат како панталони.
Палто на патики,потапа амин ! Или ептен впечатливи ланчина и обетки во комбинација ако носиш изразити обетки нема потреба од ланче и обратно..
комбинации од кои боли глава 1.Капут и патики не ми се живее кога ке видам некоја облечена така а за жал тука многу ги има. 2.Кошула и патики 3.Спортско палто со фустан и штикли... 4.хеланки со корсет за излегување 5.хулахопки на отворени штикли или сандали и има уште многу кои за жал често ги сретнувам по улиците или во вечерно излегување...
Повеќе пати го прочитав правилото, ако може правило да се каже „хеланките не се панталони“. Ако тоа е правило, јас го прекршувам. Да, знам дека не се панталони. Но за мене пример изгледаат премногу секси, плус кога ги носиш се чувствуваш како да си гола, ептен убаво, ни стегнато ни широко. Хеланките се за удобност, повеќето за тоа ги носат и место панталони. Еве жив пример сум ви јас што не сакам да носам панталони, воопшто не ги сакам, ни фармерки ни ништо, само хеланки. По дома сум стално во хеланки, ме немаат видено во друга комбинација. Плус хеланките стојат многу убаво ако знаете како да ги комбинирате. Има и хеланки во боја, со различни дезени што стојат прекрасно на убаво и витко тело. Ми се повраќа кога ќе видам дебела девојка во хеланки, грдо изгледа, ама на слаба девојка е друго. Ова правило за мене не важи!
Епа со што ќе комбинираш хеланки пролетно време за на училиште?? Да не бидам офф топик: Чизми над коленици, хеланки, маица со слика, ланче и палто. Ноу веј
Хеланки не се носат на училиште и факултет! Имајте осет малку, образовна институција е тоа. И никако не оправдувам хеланки без туника или подолга маичка или било што би го покрило задикот и меѓуножјето, ефтино и просто изгледа па ако сакате и најзгоди на свет бидете.
Х? Па и наставничките носат хеланки, зошто ние не би носеле? Речиси 1/5 од девојчињата во училиште кај нас носат хеланки.Добро, твое мислење е, но сепак... Инаку, тоа погоре мислев на мислењето за кошулата и патиките. Јас често носам хеланки, кошула и патики (секако не од оние до половина што се кошулите) Цветни хеланки и розе-зелена туника со откроено деколте. никогаш!
Затоа најдобро е да се има униформи во училиштата. Креативноста на децата на училиште пак ќе дојде до израз, немојте да речетете дека преку облекувањето им се губело не-знам-што на децата. Имаат доволно време надвор од школо да се облекуваат и однесуваат како што они индивидуално се чуствуваат, кога тренираат или одат на јазичен курс или одете со хеланки на играорна или на шетање низ населбата....ама на школо, униформа. Ем нема да има завист и љубомора која како е облечена...да бидеме искрени секогаш имало по некоја девојка што имала некое парче кое ние сме го сакале за нас. Ем сите ќе си се пристојни и еднакви. Униформи! Ко во гимназиите што си носат. Гимназијалците од Карев имаат многу убава бела маичка со лого и тегет блузе од згора. Топ. Мене ми се допаѓаат многу . Да не сум офф, за мене е модно правило комбинирањето на материјалите и текстурите. Неможам да замислам 100 различни текстури на една особа. Ацтечки, риги, точки, цветни, анимал принтови на едно место, не оди. Не сватилво ми е и комбинирањето на крзнените елечиња врз некое шушкавче или ветровка... па не иде... уште врз тренерки да видам крзнено елече. Се знае дека крзнено елече иде врз тексас и кожно палто.
И ние децата сакавме униформи, но кога ги прашаа родителите тие несакаа. Многу им биле 2000 денари за униформи.. Да не бидам офф: Гледам девојчиња носат ид оние блузите со расцеп на грбот и тоа виси надолу, а одозгора палто. Блузата т.е. парчињата надолу десетина центиметри подолги од палтото. Воопшто не изгледа ниту слатко, ниту дамски. Не за тоа!