Да си прашам Во што е најдобро сега да се инвестира во патики или чизми Спојлер Патики имам 3 пара, а чизми 1
Со оглед на тоа дека имаш три пара на патики, мислам дека подобро би било да си земеш чизми. Почнува сезона на дождови, снегови, а патиките не се за вакви услови.
eliesaab- Обично мене е подобро во патики, но во случајов ти веќе имаш 3 пара, така да поубаво земи си чизми.
Наскоро ми е роденден а немам вооошто идеја што да носам ,некој предлог од вас (со слики) некој комбинации утре планирам да одам Скопје да купам нешто но што -.-
Девојки да ве прашам какви чизми повеќе ви се допаѓаат дали оние до колена што се или пак оние кратки ?? и кои според вас се по модерни
Се е до вкус. Зависи. Лично мене ако се на штикла повеке ми се допагаат кратките чизми, а ако се ниски, сакам до под колено.
моментално по модерни се кратките, а и мене многу ми се допаѓаат ама модата цело време се менува, затоа земи нешто што ти е тебе по вкус.. Спојлер
Па зависи.Јас носам и кратки и средно високи,и до колена. Овој период,октомври-ноември носам обично кратки,на снег ги носам средните,а инаку зимно време,кога е суво високите ми е најтипски. ИН се кратките моментално,така да,кратки!
Што мислите , дали одат ваков модел на чевли со сукња или секојдневно фустанче? и хулахопки шарени или еднобојни?
Одат и тоа како одат !!! Многу ти се типски и супер се. Имам другарка која вакви кондурчиња фура на сукњи и фустанчиња, абе незаменлива е. Многу се штосни, интересни. Да си ги носиш, ич да не се мислиш. Искрено ти кажувам.
Анималлвер според мене не би стоеле лошо со некое поедноставно фустанче, секојдневно и најобично или некое кратко здолниште. Само едноставни и еднобнојни хулахопки, нешто вака како на сликиве мене ми изгледа сосема океј. Спојлер Се ти е до имагинација оставено, како умееш да играш со накит и пропратно аксесорирање. Мислам дека нема да е ич страшно ако ги носиш вака како на сликиве, баш ми се слатки, кежуал опушетени секојдневни комбинации. Али со некоја штосна панталона е совршено, еве ти пример Што интересно име имале, не сум знаеле дека така се викаат..
Ќе си ги носам па што сака нека биде фала за предлозите ми се допадна како е искомбинирано на сликиве.обавезно одам со кежуал фустанче и тесна сукња,ако личи можеби и асиметрична сукња
Знам дека не е модно прашање, ама ми треба помош. Во четврток сум поканета на Halloween забава и ми треба костум кој е соодветен за возраста моја а и за ситуацијата. Некој предлог ?
јас дури сега го гледам постов и потполно се согласувам со Хипстер, баш ми се шема за со некое фустанче како на сликите кои ги постави Хипстер А кај може да најдам вакви кондурчиња?