Најдобро оди види што има по бутиците. Џабе ние да постираме, кога по бутиците не знаеш какви фустани ќе најдиш.
Како би искомбинирале мастило боја, елегантна кошула? Материјалот е ист како на сликата во споилер, моделот е нешто сличен. Спојлер
Мене оваа боја многу ми се допаѓа и тоа во комбинација со црно. Со црни тесни панталони или фармерки или црна сукња
Не знам дали мислиш на бојата како на сликата? Можеби не си забележала, напишав дека мојата е мастило сина а моделот е како на сликата... А не ја преферирам комбинацијата сино- црно...
Многу е убава кошулата, блузата како и да е, ептен е елегантна. Би ти препорачала да ја носиш со тесни хеланки, не мораш црни, доколку имаш сиви убава комбинација би биле. Тесна(пенсил здолниште) исто одговара, или панталоните како на сликата. Немој со фармерки само, посебно не сини фармерки, многу еднолично ќе биде. Предлог бои кои ми идат со мастило сина ми се крем, бела, црвена, светло сива, зелена(трева), посветла сина и светло розева. Ако си похрабра, можеш да ја комбинираш со жолти детали, мене лично жолта ми е најнеомилена боја и лошо ми стои, но не гледам зашто ти не би пробала, ама треба да внимаваш со нијансите на жолтата доколку ја земаш во предивид. Доколку сеуште се се двоумиш пиши во пребарувачот monaco blue, мислам дека е еквивалент на наше мастило сина, ќе пронајдеш доста комбинации кои може ќе ти помогнат во одлуката.
Дали за во дискотека одговара плетена блуза ? (Модерна е, убава, ама сепак е плетена со долги ракави)..
Ти благодарам. А уште кога ја купував знаев дека ќе ми биде тешко да ја искомбинирам. Ама ете, женска логика, како да не купам кошула од Mango за 590 денари? Останати беа само два броја, па од 1890 ја спуштиле цената на 590...
утре кидам да шијам кошула бела боја, бидејки сошив елегантна сукња со висок струк до под градите ми е некаде а надоле до врз колена а на средината кај коланот има машна црна од сатен , целата сукња ми е црна па ве молам за помош предложете ми некое моделче на кошула за во сукњата.фала однапред
највеке ке ја шијам бидејки имам нова сукња и немам со што да ја комбинирам па ака да бела кошула би била идеална комбинација само незнам каков модел . предлог некој модел
Moжеш да пробаш и дизајн со руска јака, бидејќи сукњата е со висок струк, па ќе дојде погламурозно, нешто во стилот на Балмен
Можеби вториот е така повпечатлив и поуникатен, но црниот го има тој некој сексапил завиткан во елеганција.
Првиот многу повеќе ќе ти одговара на годините споед мене.Вториот кој и да би го носел, не можам да не помислам дека би го направил повозрасен и поозбилен. Јас гласам за првиот.
Одговара ли црн кожен корсет со црни панталони ? и салонките мора да бидат кожни или може лаковани, плишени ?
Oдговара, а во однос на чевлите, најдобро е да бидат лаковани (не мора кожни) бидејќи така по ќе се добие ефект, ќе ја истакнат комбинацијата, и на елегантен и на fierce начин