Наместо крзнената капа, еве пример за со каква можеш да го носиш елечето, плус покрај плетените, ако сакаш нешто малку елегантно, денес интересно е и со шешир да се комбинираат
И јас така си мислев ама ај да прашам Елекот е во кафена боја не можам слика да најдам, а за крзнена капа мислев од овие вака,ваков модел Спојлер А со капутче ќе одговара капава?
Женски сакам да ве прашам за мислење. Го најдов фустанов кај сестра ми во шкаф уште од пред 7-8 години е кога беше матурантка кога се носеа вакви црни фустани. Е сега гледам пак е во мода плисираното и прозирните ракави, се мислам дали да си го носам и јас ваков како што е или па се мислам да му ги извадам ракавите.
Jas bi gi izvadila i rakavite i toa okolu vratot, izgleda kako Mocart i taman ke si bide crno kratko fustance
Се сложувам со претходните феминки.Извади ги ракавите и јаката и така ќе имаш нов и модерен фустан.Препушти го во рацете на добар кројач,бидејќи се работи за доста тенок материјал,па битна е и машината што ја користи.Со малку пари и креативност ќе имаш уште едно парче облека во плакарот
Девојки ми треба помош Ќе носам црна сукња до колена со малку бело низ неа,бела кошула ептен стојат убаво Е сега какви хулахопки да носам,за внатре за на роденден ми е не за Нова Црни дебели или ???
Па бидејќи е долга до колена, јас би носела кожа боја (проѕирни), бидејќи со таа должина некако не ми одговараат дебели хулахопки- барем јас така ги замислив сукњата и кошулата... Но не ме држи за збор, ако можеш сликај ги и стави слика, вака само претпоставувам...
Eма2 Не знам што планираш од обувки да носиш,чизми (кратки,високи...) или чевли и каква боја на чанта.Мој совет е таа комбинација да ја пробаш со бордо хулахопки,микро 40,не подебели Пробај,па пиши дали ќе ти се допадне бидејќи немам претстава како изгледаат здолништето и кошулата
Би сакал да се инф за една фирма конфекциска од Македонија.Станува збор за НОЕЛ конфекција од Гевгелија .Се занимаваат со шиење на машки кошули .Дали некој/а има некоја инф или искуство со нив и какви се модели прават (ги имало во ГТЦ ) прилично ми ги пофалија ( и со цена-та ) но пред да појдам би сакал да знам дали вредат :geek: ....?
Јас сум од Гевгелија,не сум ги видела кошулите,ама мои пријатели ги купуваат и знам дека се прилично квалитетни,а за модели има различни.Цената им е пристапна и се доста фалени плус соработуваат со големи германски фирми и таму ги продаваат кошулите и како што знам има голема побарувачка.Па сега ти си знаеш
Не им ја знам новата колкеција каква им е ама познати се по квалитет и се класични. Има разни модели и бои ама не се со апликации или џебови како на енерџи на пример.
Сукњата е над колена инаку малку планирам црни чевли и црна плик ташна а и ланче имам од овие големиве црно бело е над кошула да го ставам така т.е. над јака ама хулахопки не знам никако какви,не можам само бордо хулахопки да опнам дајте предлог
Жени дали зне некоја каде се наоѓа Драма студио на Ивана Кнез и купувала ли некоја нешто од таму? Како им се движат цените? Сакам да купам огрлица за блиска роднина за дипломска, за подарок Еве линк http://www.ivanaknez.com/?page_id=22
Позади основното Песталоци , му доаѓа малку подоле од градинката , кога се иде накај бурекџилниците од таа страна е , од карши продавницата има фризерско студио ако не се лажам беше Бубе ин или слично
Еве ваков фустан имам малку пократок и со златен каиш (овие што се носат во последно време) и сакам да ми помогнете околу ланчето и обетки.. каква боја, форма.. ? по можност ако може со некоја сликичка од моделите да видам
Јас би те посоветувала или ланче или обетки. Сега не знам какви имаш дома, или да планираш да докупуваш нешто ново,би ти рекла да си ставиш златни, во сооднос со каишот. Јас лично би оделе со раскошен златен ѓердан, оние во вертикална положба, или поубаво речено statement ланеч, без обетки со некое мало алче или прстенче( но и не мора) Се зависи од тоа колку си љубител на накит. Али дефинитно златен накит. Нешто во овој тип,не мора стрикно овие, туку ваков стил