Црн фустан со чипка и дел од поставата под чипката е кремова.. и дали може пак да се комбинира со црно златен каиш и златно ланче ?
Ве молам брз одговор.Си купив блуза со копчиња,што се закопчува.Кафеава е.Ама ми сеоткопчува,па викам да носам некоја маица,а блузава како наметка,незакопчана.Ама немам маица што одговара.Си реков да облечам црно боди. Не ми се смејте.Срамота е така.Се познава дека е боди?
Ако ти е таман, однеси ја на шивачка покрај копчињата да ти стави раб за да не се откопчуваат , и јас имам две блуски така направено и супер ми се . Нема да имаш потоа никаков проблем
Таман ми е,ама копчињата се за никаде.Немам време за шивачка.Ако не сабајле рано од 9 што работи нешто да земам маица на прерамки или по кратки.Ама некоја евтина бидејки не сум при пари.Од каде нз ск?
Ако можеш да на носиш на боди би било супер, ке ја комбинираш со нешто црно, а можеш и да ставиш марама доколку ти се гледаат градите , по шо бодито е еластично и знае да се смакне ....па се надевам помогнав
А зошто не си земеш игла и конец дома и не ги сошиеш копчињата и нема да се откопчуваат поточно ќе го зашиеш малце отворот за копчето и решен проблем
Секако дека е рано, март само што почна, сеуште е сезона на чизмите, оние до глужд, но и оние високите... Единствено патики носам кога е потопло, за шетање... Инаку за чевлите со отворен прст на располагање имаш цел пролет и цело лето, не знам што им стана на сите со балетанките и сите останати пролетни обувки???
Балетанка и капут кога ќе видам ми се Нагоре битно се облекла топло, а нозете што и се камен не е битно, се трпи. Неможе да ме излаже никој дека не му мрзнат нозете така. Очај значи.
Јас ова еднаш го коментирав како негативна критика во темата со модни комбинации и мислам дека ќе ме утепаа Веднаш имаше контра коментари колку е тоа слатко и симпатично Не знам, ни мене не ми изгледа 'природно' да е наоблечена горе, а доле со балетанки, ама кој како се чувствува (во таа смисла, уште едно големо НЕ за чизми во лето, ама тоа е прича сама за себе)
со што би можела да искомбинирам со наметче до под задникот, црно од текните? мислам занете за кои ви зборувам..
Ве молам за мислење. Добив на подарок преубав бордо долг фустан од чипка баш во тој стил како што се носат сега (на рацете и нозете чипката е прозирна) . Сакам да го носам во април на една свадба . Дали мислите дека бојата одговара за тој период затоа што се распролетува и се носат повесели бои? Можеби е малку глупо прашањето ама ете сакам да слушнам ваше мислење
Дали некој има слушнато за Ecose машки чевли и дали се квалитетни? Ги има во гтц во една продавница, наше производтсво биле.
Каква облека се носи за крштевка ? (одамна не сум била) Може да ми наброите неколку комбинации кои се во ред за таква пригода ? (и колку да се свечани или покласични)? Во хотел е славењето.
Кој фустан да го нарачам? За на свадба на многу близок роднина, во јуни! http://www.aliexpress.com/item/Free-shi ... 68289.html или http://www.aliexpress.com/item/2013-New ... 25387.html