Јас ти го препорачувам првиот фустан,односно црниот со бела панделка.Изгледа посвечено,поубаво и несекојдневно во однос на другиот.Црната боја е симбол за елеганција и префинетост.
Јас би одела со поедноставен фустан или здолниште и некоја убава посвечена свиленкаста кошула. Нема потреба од џиџање за крштевка, сум била на многу крштевки каде сум видела свадбарки фустани. Нема потреба за толку фракање или одење на фризери шминкери. Нешто што ти ви се осеќала убаво а да не биде ептен секојдневно-кежуал.
:up: Пример еден обичен, ама кул Со старките црвени ако добро паметам дека имаш и некое обично бело маиче, топ комбинација.
Првиот дефинитивно.Повеќе е тренди и шик,а и повеќе прикладен за твојата возраст.Вториот фустан е веќе нешто видено и здодевно.Ми се допаѓа и материјалот и панделката која ја разбива црната боја и нитните на крагната го прави фустанчето ептен слатко и модерно.Ако го одбереш првиот ќе направиш подобар избор.
девојки дали е време за балетанки или кондурчиња кој како ги вика мене ми е чудно кај мене во школо уште носат чизми со волна или оние што беа во мода црни крем секакви што ѓи имаше сите и во стајлинг многу се чудни јас најразлично секогаш и со различни стајлинзи они или тие 2-3 блузи што им се фавеее или униформа а униформата розева светло ко бебенца од 3 месеца )
балетанки уште сега? ај да беше добро времето зошто да не, но велат дека ќе вее снег. Јаас деновиве си носам патики и откопчано палтенце, но ако завее back in the boots
не зезајте девојки кај мене врне цела недела веќе дури и капутите си ги вративне наутро, а камо ли балетанки на ноза, ноу веј... Јас лично си ги носам црните кожени чизмички до над колена, едноставно врзана сум за нив неможам да ги оставам или уггс за полежарни комбинации, патики и онака не ги обожавам ама ајде де ги облеков некни дека имав физичко... Нејсе битно времето и сезоната и календарот се за се освен за летни чизмички,балетанки,римјанки и тако то... има уште месец-2 до времето на балетанките
За Балетанки? Хм...незнам зошто по месеците определувате кога треба да се носат балетанки-мислам дека времето е чист показател за тоа дали е за балетанки или не.А не е,тоа е сигурно.Кога беа потоплите денови при крајот на фебруари можеше да се носи балетанка ама сега почна да врне,дури и слушнав во некои области да вее.Сигурно натаму накај Април,Мај ке затопли па ке си ги износиме балетанките.
За полуматура сите сакаат во фустани, но јас сакам да бидам облечена во вакви хеланки, штикли исто црни и светла кошулка. Врз кошулата може а и немора црно сако. Што мислите вие? Ако ова не би се допаѓа ова дајте некој предлог.
нее ќе ја утнеш така, знам дека сакаш да се истакнеш да се одделиш од грпата теткици, ама со хеланкиве немој не му е приликата едноставно, земи подобро некое фустанче, или суќна и блуска.. има цела тема ПОЛУМАТУРА, ама со хеланкиве немој еве ја сега би го одбрала овој Спојлер немора да значи да го носиш баш тој фустан како што реков има цела тема за полуматура таму подобро ќе те упатат, битно сакав да кажам НЕ за хеланките ако веќе сакаш толку многу нека бидат тоа некои хеланки ама добро искомбинирани не се црно
Да се истакнам, па не баш. Мене не ме бива за тој изглед на возрасна, па сакам нешто што ќе кажува дека сум девојче, не жена. Инаку благодарам за советот. Ќе прашам и во Полуматура за друга комбинација
Се носат уште шалови и чизмички? Татко ми ми купил Burberry марама,повеќе иде на шал,па мерак ми е да го носам Спојлер не ми се смејте хахахха