Плисе според мене никогаш нема да излезе од мода. Јас имам две, една кратка една долга, од пред 3 години и од лани другата, што знам плисе си е плисе, воркс еври тајм. Сеа како што си ослабена па
^ Пантолони и корсет, може и сако ..убаво би изгледало ...или со пантолони или фармерки некое кошулче...исто може сукња да се искомбинира со некоја маичка ....и секако штикли зависи во што ќе се чувствуваш најудобно
Девојки да ве прашам пред да се избрукам Имам тесно кратко цветно фустанче, шаренко е така сите бои преовладуваат.. дали можам да го носам или рано е уште?
Нема да должам колку го мразам времево што е вакво врнежливо,а топличко. Прашање нормално е да носам балетанки за вечерно кафе?Секако нема да одам пешки.
не е особено не на времево уште е рано и ладно, а пред се мокро,не ми иде, уште се носат чизми дури гледам низ град и чизми до колена... земи патика, ниска чизма, оксфордка...не за балетанките
А одговара ли плава кошула, со фармерки(темно плава боја) и ниски чизми црни(до глужд) за во пицерија? Или многу е обично?
за ова време најдобро ми е оксфортка др.ништо мн ми се шик и модерни и пододни за на дожд,анна балетанки не подобро чизми со некое типско палтенце потанко нормално ќе изгледаш прекрасно и ќе ти биде удобно балетанки според мене не,не сеуште...
зошто да е обично, девојки не мора да значи дека е петок и за сегде треба минич и 2 метра штикла значи ослободетесе од тие наводно правила кои се преглупи,одговара комбинацијата вака како што опушуваш само уште ќе си носиш и црна чанта...
Според мене уште е рано и навечер мн ладно почекај барем до средината на Мај нека пукни убаво сонцето времето да се затопли,сеуште врни луѓето уште навечер чизми носат...
Многу се ограничувате со облеката, ова не било за сега, за средина на Мај, за почеток на Јуни, дај кажете и точна дата од кога може да го носи. Пролетно фустанче е цветно фустанче, сега е пролет така да не гледам зашто да не го носиш ако не ти е ладно во него и ако не е претенко. Послободно малку во облекување, постојат некои непишани правила не викам не, ама до толку строгост не ми е мене логично.
^ Во право си. Ама ги знаеш луѓето какви се. Сите имаат зацртано некој кодекс на облекување и мора да е така ако не будала те прават и те озборуваат низ град. Инаку јас прашав поради тоа што до сега немам видено некој во цветно фустанче навечер, па си мислев рано им е уште. Сепак нели дожд има сеуште, времето е лошо и не е баш за такви фустани.
^Кога Џенифер ни ја свати поентата на муабетот ALELUJA не рековме дека треба дати да има за да облечиш одредено парче на облека но времето си го правеше своето а ако некој упорно сака да стави нешто не мора да бара тука нечие мислење или совет...