некој да видел ваков фустан каде има? Јас најдов во лептокарија, ама нема број (36 ми треба).. ајде најдете ми лек, ми треба до сабота
Спрема библиотеката Страшо Пинџур, во редот на парфимеријата Еликсир (каде минува 4ка), има бутик, каде го има истиот фустан, ама бојата не е иста, туку повеќе на циклама.
Немора да значи дека црниот ќе те направи послаба, некогаш и поубаво изгледа, само зависи од моделот и тоа кој тебе повеќе ќе ти стои. Иако јас сум повеќе за цветен и зависи каде планираш да го носиш
Модни критики (за не толку храбри феминки) Девојки овде сум за совет. Во август сум на свадба и сакам да шијам еве вакво фустанче е сега се мислам дали е фустанчето за лента свадба?
Сега сум во план да одам да си купам некои патичиња, па денес бев на разгледување. Старка чоек сум, па и во такви продавниц гледав само што сега сум во дилема. Дали да земам од овие високите.. http://www.allstarshoessaleonline.com/i ... 03_LRG.jpg Или па овие што се сега ниските.. http://www.allstarshoessaleonline.com/i ... 04_LRG.jpg Што би ме советувале? Велам да си ги земам овие ниските, за да можам да ги комбинирам летово, а од овие старки повисоки да земам некои онака од по 800-1000 денари, не оргинал. Со кои би можела да ставам повеќе комбинации, и подолго би издржале?
Дефинитивно вторите.Ќе им направиш разно разни комбинации. За високите,мислам дека не одговараат секому.Што не значи дека и тебе не ти одговараат.Јас би ти препорачала за есен-рана зима да си купуш од чизми до глужд,иако си по старткиве можеш да направиш исклучок.На тебе оставам,сепак е ова за тебе. Работава е до вкусови.
Мислење дали да си ги купувам овие? http://www.asos.com/Miss-KG/Miss-KG-Daw ... mainImage3 Никогаш до сега не сум носела ништо од чевли во бела боја. Ама овие ми се свиѓаат поради златното. А одсекогаш ми биле кич бели чевли
Многу се добри, јас би те советувала да си ги порачаш, со златното ептен изгледа убаво плус со бела боја буквално на се ќе можеш да ги носиш. Точно има кич бели чевли ама овие се далеку од тоа, многу се убави.
Да ве прашам нешто. Имам едно палто такво како фармерско ама светло е како светла плава боја и многу убаво. Ама проблемот е во тоа што немам такви фармерки мислам имам едни ама тесни ми се а другите се скинати и скинатото се забележува. Сакав да прашам дали ќе биде глупо да го носам со некои потемни фармерки?
^Нема да биде глупо баш убаво ќе изгледа, немора иста боја фармерките со палтенцето да се така пак ќе изгледа и многу еднолично. Слободно носи си го со потемни фармерки Спојлер
Требаше да ставиш слика од фармерското па да знајме што поточно да те советуваме,инаку фармерско горен ден со фармерки долен дел мн е тешко да се искомбинира и според мене не изгледа убаво, освен фармерското ако не е некое типско навистина убаво,како и да е јас не би го комбинирала долу со никакви фармерки бидејќи за око тешко дека убаво ќе изгледа,можиш да го искомбинираш со бела маичка и црни фармерки, или со бела маичка бели фармерки или бели пантолони со некое кошулче и фармерското....