многу Убаво би одговарало со бела маичка црни,кремасти,маслинети панталони или фармерки некоја нијанса на палтето . и секако палтето да не биде закопчано барем мое мислење. Поздрав
Според мене одлично би одговарало и со темни фармерки, бидејќи конецот на палтото е во потемна боја. речиси одговара со се, посебно со секакви бои маички. за ова време е таман таман
Со фармерки немој да го комбинираш никако фармерското е во повеќе нијанси и плус има темен конец значи тотална утка ќе направиш,со црни фармерки и бела маичка исклучиво би го искомбинирала со друго ништо, па сега твоја одлука кога некој ме прашува за вакви работи и лично секогаш сум крајно искрена...
eloves, палтото е многу слатко но јас не би го комбинирала со фармерки, туку или со панталони од друг материјал или со сукњичка
Мислам дека со многу работи би ти стоело . Особено со фармерки со слична боја, или пак црни,бели и сл. А под него можеш да облечеш маичка со кратки ракави или некоја друга маичка. Се тоа комбинирано со балетанки или патичиња и топ :up: .
Да, секако. Мислам класика и секако дека во секојдневни комбинации може да се вклопи. Еве неколку предлози:
Да да секако имам еден не баш ваков ама сличен е сив дебел и многу убаво ми стои ама мислам рано е за него. Инаку со фармерки преубаво стојат а може и хеланки само зависи какви.
Девојки што мислите рано ли е премногу за кратки чизмички? со оглед на времево лошо веќе стварно незнам што да облечам...
Паа со оглед на врнеживе, не е рано. Само гледај да ти се некои потенки, без крзно, за да не ти биде многу топло.
Да Ти кажам искрено во овој период и не се знае кој што носи .. некој сандали , друг балетанки , трет чизми итн .. твој е изборот и јас мислам не е страмота воопшто
Што чевли носите на овие дождови? Во балетанки лом се правам, патики не можам на работа, за ниски чизми ми е некако рано?
Периодично гледано месецов е уште рано за носење ниски чизми,ама гледајќи го времево па и треба да се носат. Секој ден врне,а за балетанки не е време. Кај мене нашколо некои професорки си носат ниски чизмички
и јас сум во иста дилема девојки, патики не носам едноставно не ги сакам не се во мој стил, оксфордки/оксвордки како и да се носам имам едни лански иако ни тие не се ми по ќеиф
Салонки И иако за чизмички е прилично рано гледано календарски временските услови не кажуваат така. Подобро да ми се смеат и да ме гледаат чудно како носам чизмички одколку да одам со кал до колена и да седам со мокри нозе. Луѓето ќе зборат и така и така. Мене ако ме прашувате времето е баш за кратки чизмички и секогаш носете си да ви биде најудобрно, најтопло и да не ви бидат мокри и студени нозете!
а за сандали девојки срамота е? Утре сум на гинеколог и нормално ке носам сукња ама мислев и сандали, салонки со сукњата не ми идат некако им фали хулахопка а тоа не доаѓа во предвид сега за сега