Пак ли почнаа да се носат пантолоните во боја? Гледам насекаде девојки во дреч розово,тиркиз,црвено....
Женски лани го купив фустанот доста дебели пари го платив и го имам ставено само еднаш е сега на свадба сум наредниот месец сакам да го носам ама незнам дали се носат сеуште вакви дезени бла бла можи мн се замарам ама сакам ваше мислење и искрени одговори
Мене фустанов искрено ми е ту мач без разлика колку е платен. Горе прешарен,па доле има и некои коси и вертикални линии. Да беше едниот дел еднобоен ќе поминеше можеби, ама се е до вкус. Облечи го и сликни се, да видиме како стои, можеби подобро ќе делува така
Одназад е целиот црн значи не е целиот шарен и јас сакам поедноставни работи но сакам некогаш и да разбијам монотонија се разбира...
Миме, колку што запаметив како отприлика изгледаш од Модните критики, мислам дека фустанот супер ќе ти стои, слабичка си. И мене малку ми изгледа необичен фустанов, мислам дека е заради нескладните принтови кои се исмешани. Да бил и долниот дел целосно црн, тогаш фустанот би бил полн погодок. Но, за да смениш малку како што кажа, јас сум за да го носиш. Без некој впечатлив накит и фризура зашто и онака сам по себе си е доволно богат.
^ Јас ќе ти го дадам мојот краен одговор кога ќе видам како ти стои Со сликата целосна, ќе добиеш и целосно мислење, бидејќи едно е сега така да го дискутираме, а друго е облечен
^Искрено убаво ми седи затоа лани и го купив но криво ми е дека само еднаш го облеков и така седи па сакам да го ставам барем уште еднаш инаку ти благодарам Мишела на комплиментот отприлика ти претпостави како ќе изгледа девојки не е работата за облеквање не би седел исто вака да го облечам обично и кога ќе го ставам средена со штикла све инаку планирам со црни шпиц салонки да го искомбинирам...
Миме црни штикли и чанта. Ниска пунџа, нежна шминка, само туш и некој месо боја кармин. Можеби црни мали обетки, оние како топчиња што се и/или прстен. Не ставај бои и не претерувај со шминка.
Сакам да си клам чизми до глужд, да не е срамота уште од сега? Времето кај нас е облачно, ама некако се двоумам незнам шо да прам, има носено некој?
Не е срамота, зошто да е срамота и зошто да ти се смрзнуваат нозете во плитки кондурки или балетанки? Наутро е посебно ладно, јас додека да стасам до факултет мислам стапалата ќе ми отпаднат во оксфордки и слични такви обувки. Земи си, ти е гајле дали некој ќе те гледа коцкасто или не.
Времето е премногу променливо така што мораме да се ориентираме според условите. Подобро да ти бидат суви нозете, отколку да размислуваш дали некој носел ниски чизми или е срамота за вакви обувки.Мој совет е да размислуваш да си ги искомбинираш со облека.
воопшто не е страмота да се носат чизмички до глуж мн се типски модерни ладничко е времето е таман никој да не се страми
Миме се согласувам со Марама..искомбинирај со црн плик и црни штикли,мали обетчиња,пунџичка,и црн прстен ти е повеке од доволно.. Мене искрено мн ми се допадна,баш несекојдневен дезен,не е нешто шо секој ден би се видело..Слободно носи го со мерак и без мислење
Според Мене црни штикли може од овие шо се шпиц напред,црна ташничка , црни нокти и успеглана права коса или пак ниска пунџа
Претпоставувам не мислиш за дебели волнени хулахопки, туку од оние што не се прозирни црни туку ко микрофибер материјал што се така? Воопшто не е рано, навечер е ладничко така да слободно облечи си, најбитно е да не ти е ладно.