^ Ни преку ден не се температурите 30 степени. Ако се 30 степени немаше да седам дома по тренерки, две блузи на мене и дуксер, а да не збориме па за наутро или навечер. Повеќе од 10 не се креваат. Јас си носам палтенца веќе две недели. И кожни, и обични палтенца кои се баш за овој период. Таман се да те стоплат за овие температури. Со што би излегла навечер инаку на 10 степени? Само по блуза на овој ветар? Балетанки не носам веќе еден месец. Сега носам или патики, кои навистина ме топлат (не од оние летните платнените) или си носам чевли до глужд. Јас тие не ги ни вбројувам во чизми, ама ако ги сметате за чизми ете нека бидат чизми. Небитно. Гледам да ми биде топло мене, а кој што кажал ич не ме интересира. Неколку пати навечер си облеков и потенки џемперчиња. Со палтенце одозгора ми е таман. А и неколку потенки марами си извадив, кои се баш за овој период и знам и марама да си префрлам околу мене за да ми биде потопло. Попрво на времево би облекла чизми до колена, отколку балетанки. Јас си имам секогаш една мерка. Штом така облечена, воопшто не ми е жешко значи дека не е рано за таа облека. Единствено нешто што не ми оди за било кој период и страшно ме нервира е мешање на сите годишни времиња во една комбинација. Не може доле балетанки да облечеш, кои се сметаат за чевли за во лето (очигледно, отворена цела нога), а горе џемпер со палто. Или (сум го видела ова илјада пати), доле сандали, а горе елече со крзно. Хаос. Одлучете се и не мешајте.
Е како не се креваат повеќе од 10, еве кај мене на термометарот кој го имам на тараса моментално покажува 20 степени А, внатре е секогаш поладно. Вчера денот го преседов на тараса кај кај потопло ми беше Да се навратам на темава, периодов си носам оксфордки и балетанки кога не врне.мене балетанката ми е пролетна и есенска обувка, во лето на тие жештини не ни помислувам да ја носам, тогаш само сандали носам. А доколку температурите се покачат како што беа во понеделникот ќе си носам и сандали. Кој како му одговара така нека прави, но, мене ми е рано за чизми, уште не сум си ги ни земала од кај моите сигурно ми седат во ќеси пикнати некаде во подрум
Гледам голема дискусија се развила за чизмичкиве И сега уште јас ако прашам мислам дека ќе ме истепате Многу зимски изгледаат чизмичкиве ? Или можам да си ги носам и на облачно и врнежливо време сега на есен,кога е ладничко? ( добро планирам и денес да ги обујам,ама ме зафркава нешто времево де сонце,де облаци а прилично е ладно ) И висината им е оваа. И уште едно прашање,рано ли е за оние плетени џемпери како блузички што се ги знаете?
Абе луге октомври иде.Надвор е права есен.Или пак јас сум зимурлива.Абе вадите џемперчињата,блузи по долги,чизмички до глужд и сл.Не се прајте ко блогеркине.Они сред зимо носат шорцеви и балетанки а налето чизми.
Јас се облекувам врз основа на тоа како се чуствувам,не врз основа кој месец е.Во септември сум носела и балетанки ,но оваа година веке си носам чизмиски,башка ми се допаѓа комбинацијата на краки чизми со кртка кожна јакничка.Сега е баш за таа комбинација,а не на- 15 Според мене
Јас вчера облеков мантил до коленици и чизмички кои се може 10 цм над глуждот, ладно ми е! Да ми беа симнати зимските чизми, веројатно нив ќе ги облечев . Не ми е важно како се другите облечени, на вакво време, единствено што ми е важно е да ми биде топло
Девојки кожени црни хеланки и црн џемпер одозгора некако овака ту мач е за на факултет или може да помине??
Дали одговара ова? Ваква блуза, само 3/4 се ракавите Вакви, плус имаат копчиња за трегерите И вакви трегери, само во друга боја и не е со каиши, туку со онакви, знаете...
feminium - јас искрено не би одела така на факултет. По хеланки не би одела на факултет без разлика колку се дебели,сепак е образовна институција. Но,сега секој си гледа да е пододеран и позгоден па макар и за на факултет. nevermet18 - јас мислам дека би одоговарало,но би ги тргнала трегерите
Јас кликнав дека ми се допаѓа комбинацијата и отпосле видов дека за факс прашаш.Не е баш препорачливо, јас вакви исклучиво за вечерно излегување носам, за друга пригода ми е премногу.Инаку комбинацијата е супер.
Абе види сепак е до вкусот,нели? Пример јас не сум тип што обожава трегери. Но во зависност од обувките и бојата на трегерите,тогаш носи ги.
^ Па ни јас не сум некој фан, само така си ги чувам дека ми се интересни за у шкаф, па ај да си извадам конечно. Како и да е, ќе ви ставам фотографија во Модни Критики, па ќе видите како ми излегло
Трегерите тргниги не се за ваков тип на фармерка комбинацијата ми е ок фармерките еднаш свиткајги нагоре според мене би добила мн убава и типска комбинција...
Сакам да носам корсет..но имам мали гради .. како да го пополнам деколтето? Спојлер пуш ап градник-има пола и цели полнежи во пуш апот што значи се разликуваат...Трик?
Не е срамота, ни денски, ни навечер. Веќе наголемо почнаа сите со чизми да излегуваат, па види го и времево какво е.
Па што ако имаш мали гради...корсет стои и на мали гради, се додека е таман. Нема потреба да личиш на оние од Пинк или Планета со градите надвор.
Не знам дали прашањето е за тука, ама дали има шанси да се стеснат фармерки? Имам едни многу ми се убав високи, ама широки ми се можда бројче. Шнајдерка може да среди такво нешто?