Истото го правам и јас. Небитно дали ке ми затреба или не, секогаш чувам фискални, 30 дена ако е облека во прашање, колку што е и рокот за менување, за обувки чувам и подолго, а за бела техника и часовници додека има гаранција. Не носи долен веш. Шега на страна, пробај со ептен тенки гаќи како што ти кажале погоре, а ако не бива, облечи и мидер. Јас во една прилика носев и мидер на таков фустан и ништо не се познаваше, а носев обичен долен веш. Јас ваков мантил го замисливам со boyfriend jeans и црна ташна. Јас не носам класичен модел на converse со тренерки, не одговара. Тренерки се спортско парче облека, патикиве се кежуал (ги комбинирам со маичка, кошула или фустан). А комбинација nike - adidas ми е океј.
Воопшто не се замарам за тоа, туку тренеркиве на патиките не ми идат ... и мислам дека тоа ми беше голема утка, затоа си прашав за мислење...
Оти да не се носат? Облечиси јас гледам секоја втора овде носи отворени штикли напред па дури и за на свадби и во зима имам видено така дека носат.. Ко можи чизми среде лето можи и отворени кај прстите штикли воопшто нема да ти студи јас почнав по сандалки да излегувам
Конверс старките апсолутно со се одговараат. Е сеа ако ти не си се допаѓаш во таква комбинација тоа е друго... Иако со тесни долни тренерки мене убаво ми изгледа, тренерка и патика нема утка. Види си, зависи од моделот на тренерките па може не ти изгледа убаво на око. Јас си носам така и ми иде убаво. Сеа носат и штикли со тренерки по најмова мода... Ако немаш друг избор ич не се мисли и терај си така, мој совет.
Мислам дека порано ве имам консултирано за фустанов кој ми е лани купен од Зара, па се мислам дали да го облечам уште еднаш (да не бидат за џабе фрлени парите) или демоде е сезонава? Планирам да го комбинирам со црвени салонки и црвена плик ташна.
За вакво парче нема мода, барем мене не ми изгледа дека е од лани или годината пред тоа. Класично парче, црн фустан со малку чипка, и од пред 5 години да е, ја би го носела.
Мене ми се гледа како црн, ама и тегет е океј. Моделот не е специфичен за некоја сезона, па било тегет или црн, би го носела.
Дали ваков шешир е ок за секојдневни комбинации, пример за на шопинг, кафе, и слично. Мене многу ми се допаѓа така со фустан ама немам храброст да го носам, се некако ми е за по одмори и плажи?
Бело, крем, сиво, жолто, црна/бела маичка со поедноставен принт, црно-бело (морнарско), тексас кошула...
Зошто да не? Ако ти се допаѓа како модел и добро го искомбинираш, може да му даде поинаква димензија на целокупниот изглед.
А да пробаш со црно? Некако не ми иде од глава до пети иста боја, а црно + црвено е полн погодок. И со бело исто така.
Жолто, ако носиш. Кремасто, црно, бело, royal blue, дури мислам дека и бледо розево супер би изгледало