1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моќ, моќта кај луѓето

Дискусија во 'Психологија' започната од Snow-Queen, 10 септември 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Што е моќ?
    Кои се моќни луѓе?Што всушност можат тие, што поседуваат,како успеваат?
    Дали моќта е богатство, или е потребно нешто друго?
    Дали можеби стоите на ставот дека знаењето е моќ?
    Дали вие се сметате моќни во нешто, и пто е тоа?
     
  2. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Моќ е способноста да го држиш управувачот во раце, а покрај другото и да го имаш совладано тешко разбирливото упатство за употреба.
    Моќ е способноста да направиш некој да ти се потчини, да биде зависен од тебе.
    На пример привлечната жена е моќна од проста причина што еден маж би направил се за да ја добие. Нејзината физичка привлечност може да покори речиси било кој од машкиот род и доколку жената е свесна за таа способност поседува моќ.
    Френсис Бекон бил до некаде во право кога рекол дека знаењето е моќ, слоган кој можеби бил и точен за неговото време.
    Знаењето и моќта имаат некои допирни точки, но како поими не ми се поклопуваат.
    Во денешно време за мене знаењето е токму спротивното, или немоќ.
    Ти може да знаеш многу, а да не можеш да го примениш бидејќи играш во претстава каде други ги влечат конците.
    Можеби го немаат твоето знаење, но го имаат средството и секако, упатството за употреба. :)
     
    На Mantisa и elimkd им се допаѓа ова.
  3. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Знаењето е моќ затоа што дури и ако твојата моќ ја демонстрираш преку играње со други,треба да ЗНАЕШ како да играш.
    А дефиниција за моќта,прашајте ги Илуминатите.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.235
    Знаењето е моќ, ама во нашево општество ретки се тие што со знаење ќе се изборат. И моќ се парите, тој што има пари има се. Дури и ако не вреди тој човек се замислува дека е посебен и дека се му е дозволено.
     
    На srcekrsacka и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Моќен е оној кој не се плаши да сонува, можен е оној кој стои на своите ставови и за крај моќен е оној кој се труди да стекне нова моќ! Моќен е човекот со став! :muscle:
     
    На Gordana10 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Моќ е да живееш сам и да се бориш за себе.Моќ е да учиш и да знаеш се.Моќ е да не се плашиш да сонуваш.Моќ е секогаш да се бориш против непријателите...
     
    На sweet-star и Jule.Sk им се допаѓа ова.
  7. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Јас моќта ја сваќам на поинаков начин. До негде со сложвам со honorthyself НО,
    за моќни луѓе ги сметам богатите луѓе, луѓе кои имаат врски, влијанија... За мене моќта и парите некако секогаш одат заедно

    Не рекле напразно “И да ги изгубиш сите пари, моќта и влијанието никогаш не ги губиш“
     
    На elimkd и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. 1slavjanka

    1slavjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    503
    Пол:
    Женски
    Моќ има човекот кој знае да се истакне со тоа што го има.
    Може да има пари но да ги изгуби поради незнаењето или немоќта да управува со нив.
    Моќта е на некој начин интелегенција.
    Значи моќен за мене е оној кој знае да ги прикрие своите недостатоци а да ги истакне своите квалитети.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Моќта може да се дефинира и препознае на различни начини.
    Човекот кој има изградени принципи и ставови има моќ на индивидуалец.
    Моќта е сила на духот.
    Моќен е оној кој умее да се справи во низа ситуации што му ги носи моментот.
    Харизматичната физиономија е моќно средство за секој што е свесен дека ја поседува.
    Моќта е природен дар за подобар живот.
     
  10. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    За некој моќ е знаењето.
    За некој моќ се парите.
    Јас за моќен го сметам човекот што е паметен, што има знаење и што има душа, поточно што е чесен и што е човек и што има моќ да влијае врз другите луѓе, што може да влијае врз психата на другите, да им помогне во тешка ситуација и да им подаде рака, да има моќ да ги издигне над дното :)
     
    На foreverMATH му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.574
    Пол:
    Женски
    Луѓето имаат моќ да го променат светот, штета што таа моќ ја користат за лошо наместо за добро.
    Луѓето се моќни кога сакаат. Можат се да сторат за таа личност.
    Луѓето се моќни кога се сакани. Тоа им дава сила со полна пареа да одат низ животот.
    Луѓето се моќни кога се смејат. Им го разубавуваат животот не само на себе туку и на оние околу нив.
    Луѓето се моќни кога имаат пари. Со тие пари можат да создадат многу нешта а можат и да ги споделат со оние кои ги немаат а им требаат.
    Луѓето се моќни кога имаат големо и чисто срце и знаат да помогнат или спасат нечиј живот.
    Луѓето се моќни кога се вредни, можат да создадат секакви чуда.
    Луѓето се моќни кога го користат својот ум, колку нешта се измислени.
    Луѓето се моќни кога имаат знаење и образование.
    Луѓето се моќни кога ќе им се даде власт.
    И уште многу многу други врсти на моќ кои човекот ги поседува.
     
  12. Allure

    Allure Активен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Препорачувам да ја прочитате книгата "Тајната" од Ронда Бирн или да го гледате филмот.
    Многу интересни работи за нашата психа, односно за тоа каквa "моќ" поседуваме сите ние што не сме ни свесни дека ја имаме или не знаеме да ја искористиме. Има и многу психолошки книги на оваа тема, така да доколку некој друг читал нешто слично, нека сподели.
     
  13. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Луѓето бараат слобода додека уште немаат моќ.Кога ќе стекнат моќ,тогаш се стремат кон надмоќност,,ако не дојдат до неа(ако се уште преслаби за неа),тогаш бараат "правда",односно еднаквост во моќта.

    Секој жив организам околу себе зафаќа онолку простор колку што му дозволува неговата сила и покорува се што е послабо од него : на тој начин,тој ужива во сопствениот живот.Се поголемото "хуманизирање" на оваа тенденција се гледа во тоа што се подлабоко чувствуваме колку е тешко да го асимилираме другиот-колкава штета му нанесува нашата моќ над него,но исто така,чувствуваме дека неговата волја се повеќе го отуѓува од нас-па според ова,ја намалува можноста да го потчиниме.

    Кога ќе се отфрли моралноста на формулата:"Не смееш да лажеш","смислата на вистината" мора да се легитимира пред некој друг форум:како средство за самоодржување на човекот,како волја за моќ.

    Секој од нас би сакал доколку тоа е можно,да биде господар над сите луѓе,а најмногу-да биде Бог.

    Секаде каде што сретнав живо суштество,сретнав и волја за моќ,дури и во војата на слугата,видов волја да биде господар.
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    До човекот е, и како тој ја сфаќа, а не до моќта.
     
    На prashinka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    2.062
    Пол:
    Машки
    Ако некаква моќ имаат луѓето тоа е моќта да се преценуваат себеси...
     
    На prashinka и Kaja991 им се допаѓа ова.
  16. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.927
    Пол:
    Женски
    Луѓето имаат моќ да сакаат,но,имаат уште поголема моќ да повредуваат.:(
     
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Зависи каква моќ, дали се пари, функција, знаење, различно ми е се ова. Зависи од човекот, дали ќе го расипе или не ако збориме за пари и функција.
    Ако збориме за знаење мислам дека може само позитивно влијание да има кај човекот.
     
  18. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Подобро да се преценам него ли потценам. Не се согласувам со Виктор во случајов. Кога тогаш тоа повеќе вреди него ли да ги слушаш критиките на другите кои можеби и се лажни. Во денешно време некои се сметаат за моќни ако можат да те испровоцираат. Ама кога ќе ги откриеш нивните слабости и гледаат дека не оди баш како они замислиле. Така да во мојот свет се смета за успешен тој што го бива за лажење. А неуспешен е тој што е наивен да верува. Има и ,,наивни’’ со задна намера е тие се најопасни.
     
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Моќта е еквивалент на многу пари, богатство, поседување углед и огромно влијание во сите сфери на животот, тоа се тие моќни луѓе со вродени лидерски способности црното да го направат бело, невозможното-можно, забранетото-дозволено, се истакнуваат од толпата народ, идеализирани и идолизирани, личности кои или премногу ги сакаш или ги мрзиш од дното на душата, ама никогаш не можеш да ги заборавиш.

    моќта не е само знаење, туку и способност да го искористат тоа знаење и да профитираат

    јас моќна? Со сигурност не!
     
    Последна измена: 6 јуни 2022
    На Mantisa, stetoskop, st-el и 2 други им се допаѓа ова.
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.975
    Допаѓања:
    8.743
    Пол:
    Женски
    Разни луѓе, разни дефиниции за моќта. За мене е да станувам упорно пак и пак одново кога ме турка животот, едноставно сакам да му пркосам. Тоа чувство ме прави да се осеќам моќно и не би го менувала за ништо друго.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.