1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најпосакуван подарок од детството кој никогаш не го добивте

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mishela, 15 март 2013.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.568
    Допаѓања:
    80.643
    Пол:
    Женски
    Мислам дека секој од нас како дете си имал зацртано во глава некој „идеален подарок“ - без разлика дали станува збор за играчка или нешто друго, кое никогаш не сме го добиле иако потајно сме посакувале некој да ни го подари за роденден или по некој друг повод (па и без повод, зошто да не) .
    Ете, јас како мала мечтаев да станам балерина и секогаш се надевав дека моите ќе ми купат такви оригинал балерина-балетанки со сатенски врвки нагоре. :)
    Погодувате нели? - Никогаш не ги добив. :doh:

    Дали вие имавте нешто кое толку многу го посакувавте како деца, а никогаш не ви го подарија? :)
     
  2. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Една другарка од маалото имаше ваква куќа за барбики и кукли. Неможите да си замислите колку и бев љубоморна. Секој роденден или Нова Година барав и...не добив :(
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      13,3 KB
      Прегледи:
      621
    На sino.o.oka, O.l.i.v.a, sugarlips и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Сакав ролери, кога на пролет/лето децата низ улица се возеа, јас седев на клупа и ги гледав, кога дома ќе ме прашаа што сакам за роденден или некој празник веднаш скокав и кажував дека сакам ролери... и ги очекував секогаш ама не ги добив...
    [​IMG]
     
    На angelche16, sugarlips, Cacy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    Истата приказна :(
     
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Воки - токи. :(
    Таква некоја желба имав за едно вакво чудо, секогаш сум им се дивела :D, ама никогаш не го добив за жал. Еднаш дури од пуста желба да имам и јас, ми текнува пробував и сама дома да направам. И нормално, погодувате, прилично неуспешен обид имав. :rofl:

    Сакав и летало да имам. Шарено и големо.
    Една другарка имаше, и го донесоа роднини од Германија, и беше шема низ маало. Можете да замислите што било тоа :D. Па тоа беше доживљај кога ќе и дозволеа да го донесе надвор леталото и да го лета додека имаше ветер. Сите околу неа бевме собрани, со поглед вперен директно во д амејзинг тинг. И така она трчаше со леталото, ние по неа... :D

    И креди во боја сакав.
    Никогаш немав цело пакетче од креди во разни бои, него само од белите имав.
    Кое разочарување беше тоа :D.
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Се сеќавате на ова ?!?! [​IMG]

    Кенгурко :$ . Да, едно дете од маалото имаше и сите ја молевме да скокаме на него и друга работа се џамлии :D. Никогаш не ги ни побарав а ни добив :( , си мислев дека и мене еден ден ќе ми ги донесе Дедо Мраз. Детска фантазија :wasntme:
     
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.597
    Допаѓања:
    23.101
    Пол:
    Женски
    Многу сакав да ми купат книга за магични трикови, не знам од каде ми беше идејата за таква книга ама навистина сакав да учам тоа, но никогаш не ја добив. Мајка ми ми вика дека барала такво нешто, но никогаш не нашла, не дека не сакала да ми купи... Мммда. :D

    И ролери секако. Многу сакав. Имаше еден период кога во градов секој втор имаше ролери и само што ќе дојдеше пролет се знае што следи - сите се надвор по улици, се возат.
    И секоја пролет/лето изразував желба, ама јок.

    Мишелке, зашто отвараш стари рани? :D
     
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    леле предобра тема :D

    јас не бев многу по играчките, кукли мразев не ни имав не ни паметам дека сум имала ама пак затоа душа давав за книгата 1000 зошто 1000 затоа.

    леле колку ја посакував таа книга на сите им ја купија беше атракција и кога одевме на гости јас ако ја здогледав право прашував да ја земам :D

    нормално никогаш не ја добив.

    и сега кога се омажив во спалната на свекрва ми ја здогледав истата. значи каков крик сум испуштила како мало дете :D а таа книгата сирота еден прст прашина фатила мене срце ми се кине.

    кај и да е ќе ја прашам да ми ја поклони :lol:
     
  9. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Оф топик
    Aj што крадете теми од ёкајгана форумот , крадете , ама барем пишувајте барем дека сте ги презеле од таму

    Он топик

    ролекрки што светат кога возиш
     
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Во моментов најмногу ми текнува на Ролерки.
    Многу сакав да имам ролерки и да ги возам низ мало,пред зграда.Но никогаш,за жал не ги добив.Татко ми секогаш ми викаше кога ќе нарасниш,до овде кога ќе нарасниш до онде тогаш ќе ги имаш.А најчесто се мерев со фриждерот,и вренгилот од вратата.Прво требаше колку вренгилот да нараснам,па потоа колку фрижидерот...и така си се откажав со приказната за ролерките.Бев многу немирно дете,затоа и никогаш не ги добив. :lol: :lol:

    После знам дека сакав една голема кукла бебе.И секогаш им барав но и таа не е добив,тогаш кога најмногу е барав наместо кукла бебе,мама ми донесе дома вистинско бебе.Се роди брат ми.И ми помина меракот за куклата.

    После знам дека многу сакав една огромна куќарка, [​IMG] е баш ваква.Имаше една моја другарка,и кога ќе заигравме кај неа никогаш незнаевме да престанеме,остануваавме со саати да играме :) Инаку кога ќе им побарав на мама и тато секогаш ми викаа дека немало во нашиот град,неможеле да најдат за да ми купат. :rofl: :rofl:
     
  11. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Јас ја имав и куката со барбики, и ролерки ама немав квадрат ташна :|
    Сите такви имаа во 1-2 одделение и понатаму, а јас одев со ранец поголем и од мене :D
     
  12. popi

    popi Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    63
    голема кука за барбики, наместена со мебел :D и кен ! :) моја другарка од детството имаше таква. никогаш не добив голема кука, туку утешна награда мало слатко кукиче со чоечиња колку малото прсте :D
    ја чував до скоро време ми беше мила, и и ја подарив на едно малечко :)
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.568
    Допаѓања:
    80.643
    Пол:
    Женски
    Кхм, прво скокни па речи - оп. ;)
    Не го посетувам Кајгана форумот и не знам дали и какви теми има, а ти си можела да прашаш и по ЛП за ова.
    Си разгледував стари тетратки и детски работи и си најдов ливче од далечната '97-ма на која беа напишани роденденски желби и ми текна на ова кое патем сама си го напишав и од никаде немам копирано текст.
    Мислев дека би се развила некаква дискусија и многу од нас би се потсетиле на интересни моменти, ама мора да се мрчне нели.
     
    На Annath, Hipster, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    како повеќето куќичка за барбикии
    никогаш не ја добив но за мојот 5-ти роденден кумата ми купи едно големоо креветче со бебе и јас креветчето го каправив како куќарка, виткав картон за да биде како кревет.. и си играв внатре со барбиките.... :D :lol:
    уште го чувам креветчето :!: ... :lol:
     
  15. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.474
    Допаѓања:
    5.749
    Пол:
    Женски
    Никогаш не добив убава гумена барбика ( од тие шо им се виткаа нозете :lol: ) и кен :D
     
  16. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.213
    Пол:
    Женски
    можеби не е играчка ама многу сакав тротинет :D
     
  17. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.094
    Допаѓања:
    821
    Пол:
    Женски
    Куќичка за барбики.. Одсекогаш сакав ама не сум го добила :| :)
     
  18. kristina123456

    kristina123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    и јас одсекогас посакував кукицка за барбики и некогас не добив. добив соба али не е како кука и сеусте посакувам па сто ако има 14 год хааххаахха
     
  19. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    37
    јас многу сакав да имам куче ама сестра ми имаше алергија и никогаш не ми купија куче..:D
     
  20. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    8.737
    Пол:
    Женски
    Аууу се потсетив и јас, многу сакав голема куќичка со барбики ама само барбиките ги добивав :D