Недела ми е најдосаден ден...сите се дома, за ручек се собираме сите , оти онака кој по работа кој на факултет, секој со свои обврски а потоа може да се гледа тв, пред ком..
ден за релаксација, ден за посветување внимание себеси, ден кога сите од фамилијата се собираме заедно да ручаме, ден за гледање на некој добар филм по пожност комедија или акција , ден за потсредување на домот ,ден за учење/пишување домашна работа ...
Недела е најглупиот ден воопшто !! ке станеш па ке учиш ако имаш за учење, во спротивно ке чистиш ( ни ваму ни таму работава) се е затворено се монотоно цел ден дома и се пропаѓа кога ќе ти текне дека е утре ПОНЕДЕЛНИК , па уште си и сабајле во школо !! аууууу
обожавам недела да отидам некаде надвор од скопјево , не којзнае колку далеку макар и матка да биде само да не дремам дома ајде феминки предлози за убави места во околинава на скопје за сеткање во недела , само д ане биде водно матка ...ми здосадија веке
Недела е ден што не го сакам само затоа што наредниот ден сум во школо. Обично тогаш учам и завршувам се што не сум можела преку целата недела. Недела е ден за кафиња и семеен ручек. Недела е лајт ден, кој кога сум слободна си го посветувам целосно на мене и уживам. Бањање, па следи маникир, педикир, нега на лице.. Недела е ден за излежување и спиење до пладне. Недела е ден за враќање во колосек по викендот. Недела е најдосаден ден, освен кога има фудбал или добра серија.
Јас пак, сакам Недели. Мене ми имаат некоја посебна хармонија, посебно сум си расположена тогаш и си ги сакам.
вчера беше недела така лии? епа ја со една другарка си гледавме филм ..вамм ништо не ви се прави хахах хих и ја да кажам нај глу ден е сабота и недела!
Недела е ден за спиење, за чистење, учење, фамилијарни ручеци, ден кога нема ништо на телевизија и сите се тепаат за компјутерот Во глобала досаден и депримирачки, уште кога ќе се сетам дека утредента почнува нова недела, се мислам од кај да најдам сили за да почнам.
во теков на школската година, недела е обично најстресниот ден, но во текот на летниот и зимскиот распуст, според мене, тоа е најдобар ден за да се посвети малку време за себе, за своите најблиски и за одмарање.
Заборавив што е Недела (ден за одмор) , од 30 дена -29 работни добро е што имаме државни празници :geek:
Утре е недела,денот кога конечно ќе се простам од тутунот за оваа година Иако завршува летниот распуст ја среќна си сум Поарно да учам отколку да се занимавам со тутунот. Недела е ден за капење,па задутре мора на школо да се иде
Неделата ми е максимално исполнет ден,што со обврски по дома,средување и подготвување за нова работна недела,па некој гостин или негде ќе се појди...и поминала.