1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неплаќање алиментација

Дискусија во 'Правни совети' започната од babaDara, 7 март 2011.

  1. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Ве молам објаснете ми каде треба да се обратам, поранешниот сопруг не плаќа алиментација. Однапред благодарна.
     
  2. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Обрати се во Центарот за социјални работи (мислам така се викаше) -каде што сте го носеле детето на разговор за мислење со кого да живее. Имаш право да си поднесеш тужба ако не плаќа неколку месеци (е сега, не знам колку месеци точно) и мислам дека додека не се регулира тоа се стопира гледањето со децата. Може да му стават административна забрана на платата, па не да плаќа, туку автоматски ќе му се одбива од сметка сумата.
     
  3. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Да, само што нема пари на сметка. Има 1000 денари само. Нема ништо на негово име. Дали со тоа не мора и ине треба да плаќа алиментација. Не ми се јасни работиве.
     
  4. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Во судското решение има утврдено колку треба да плака и тоа мора да го исполнува. Без разлика дали има или нема нешто на негово име. Ако работи некаде и има примања тогаш мора да плаќа.
     
  5. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Точно дека во законот стои дека МОРА да плаќа алиментација но во пракса и не е така.
    Еве и ке ви кажам пример за татко ми. Судот одреди 5000 ден алиментација за мене и брат ми, но до сега веќе 2 години немаме видено ни денар! Излезе дека господинот нема ништо на негово име и дека не е вработен а всушност работи ! Беше мајка ми се распраша по адвокати, и и рекоа ако сака да го тужи
    (тужбата е 300 евра да напоменам ) со тоа нема да добие ништо освен да го испрати во затвор!
     
  6. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    И решение?
     
  7. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Па тоа е решение да оди во затвор.Пари нема, нема што да му земеш ( а има пари само што неможе да се докаже ) само може да оди во затвор.Со тоа ништо не сме направиле..
     
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Од она што го знам од другарка која скоро се разведе, адвокатот и рекол дека сепак може судска забрана да се стави на сметката и првите пари кои во живот ќе му дојдат на сметка ќе одат за алиментација. Значи, ако му одговара цел живот да работи на црно и да не му е ништо регулирано, нека повели. ;) И нејзиниот бивш нема ништо на свое име и работи на диво, ама сепак му пушти пријава. А колешка нејзина пуштила канџи :) и успеала дури да стигне до пријава за фирмата каде што работел на диво, без да му плаќаат на сметка, си најмила луѓе, дури и го сликале како работи, па си направил двоен проблем, и за него пријава и за фирмата. Таа викала „И така не плаќа, барем нека остане без работа“ :)
     
    На okcenzi и babaDara им се допаѓа ова.
  9. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно само како функционираат тие луѓе. Бебето не сака да го гледа, тоа го разбирам (донекаде) не чувствува ништо за него, морално право и обврска но плаќањето?
     
  10. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Мажите се чудни суштества... |( Голем дел од нив не сфаќаат дека може да има бивша жена, ама дека не може да има бившо дете! А кај добар дел разведени мажи резонот некако така функционира: бивша жена=бившо дете :devil: На една од моите разведени другарки мажот и вика „Немам намера да јас да ти давам пари, а ти да се еб :swear: со други“. Мислам... wtf! И демек не може да сфати дека не и дава пари за неа, туку за детето?! Не, туку така му одговара.
    Греота за дечињата кои ќе се соочат со вистината за своите татковци еден ден, оти мајката колку и да сака, нема да може вечно да ги заштитува од тоа.
     
    На babaDara му/ѝ се допаѓа ова.
  11. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Ми смета само фактот дека институциите не функционираат доволно, односно жените кај нас не се заштитени, децата пак во случајот воопшто. Тропнав на толку врати и ништо. Активирав и извршител, и извршителов ми вика нема од каде да му земеме. Значи можат да се прават деца, некој да прави деца на жениве и истите да не бидат осигурани. Сега можеби ќе следи одговор и критика па што бараше со таков ама на друго место пишав дека имавме 2.5 години супер брак.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Од кај ти е таа сума за тужбата?!

    Јас го тужев татко ми за неплаќање алиментација, тотално бесплатно.
     
  13. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Saya, кажи ми ја постапката за тужба те молам и дали ја сво случајов можам да тужам.
     
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    пред се не е дали станува за маж или жена кој не плаќа алиментација... кој ме чита редовно знае дека имам спротивни ставови кога станува збор грижа за деца....
    За тоа дали ќе плаќа некој алиментација или не зависи од самиот човек. сме пробале преку се и не сме успеале да добиеме ни 1 денар од т.н. мајка која нит и беше битно дали постоиме ниту дали имаме за јадење така да понекогаш залудно се трошите. и сватив пред се дека тие 2000-5000 денари од некој кој не ме сакал а ме родил не ми значат ништо во животот и престанавме да бараме. фала богу што имав татко и баба и дедо кој ме направија човек и станав она што сум. и денес така размислувам тој што сака да даде и помогне после развод ќе даде и повеќе од потребното а не да се одрече од најмилото -децата :@ :@ :@ :@
     
    На nesa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Да, се согласувам но некогаш тешко се излегува на крај со средствата што ги поседуваме. :sweat: :sweat: :sweat:
     
  16. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Како бесплатно ?! Кој ти прави тужба бесплатно ? Мајка ми беше, се распраша на повеќе места секако дека не е бесплатно!
     
  17. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    И мене не ми е јасно на која основа е тужбата бесплатна. Јас адвокатот што го ангажирав па ми зема толку пари само за да ме разведе, а не му земав ништо, ми направи филмови само и испадна дека адвокатот не бил мој туку негов.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    И мене не ми е јасно кој адвокат ќе ти направи тужба бесплатно ? |(
    Можам само да ти земат повеќе а да ти земат помалку или пак воопшто да не ти наплатат нема кај нас. :lol: Адвокатска работа :)
     
  19. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Јас го пријавив случајот преку СОС центарот за семејно насилство, затоа беше бесплатно. А тужбата сама ја составив и ја поднесов до Јавно Обвинителство, пари немам нигде дадено.

    А и да треба адвокат, 300 евра се тежок зајеб, многу помалку пари требаат. ;)
     
  20. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Јас не измислувам туку кажувам како на нас ни имаат кажано ! |(