1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Непотребни работи во живото

Дискусија во 'Канта' започната од LoVeR, 19 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Во животот треба да се научиме да ги двоиме работите на важни и неважни. Да знаеме да утврдиме кои се нашите приоритети. Кој навистина треба да го цениме и кој заслужува да биде дел од нашиот живот. Но, постојат и некои нешта во животот кои навистина не ви се потребни.

    Овие 5 се типичен пример:

    1. Љубоморна пријателка/пријател. Пријателка која потајно се радува на вашиот неуспех, а вашиот успех ја боли еднакво како и нејзиниот неуспех. Овие „пријатели“ најчесто само ви го отежнуваат животот. Научете како да ги препознавате и да ги избегнувате.

    2. Секојдневен стрес и нервоза. Освен што не ви се потребни вакви маки во секојдневието, штетни се и за вашето здравје. Потрудете се да ги избегнувате стресните ситуации или научете како да се справувате со нив. Нема да биде крај на светот ако ве нервира некој на работа, дома, сте паднале испит или сте се скарале со партнерот.

    3. Дечко/девојка која ве уништува. Партнер кој ве нервира секојдневно, не ве цени ниту вас ниту вашите одлуки и постапки во животот. Љубоморни сцени, оправданија, ограничена слобода – ако се наоѓате во некоја од овие ситуации, време е да тргнете во потрага по нов партнер.

    4. Бели влакна на косата. Девојки, не дозволувајте да изгледате несредени само затоа што ве мрзи да си купите боја за коса и да се офарбате. Нема потреба да шетате со бел корен од 10 сантиметри.

    5. Непотребни трошоци. Направете план за она што навистина ви е потребно и не ги трошете парите за непотребни нешта.
    Извор

    Според вас, што уште не е потребно?
     
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ај ако не отвори уште 10 теми.Барем напиши го насловот убаво.
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    :^)

    - MTV. :x
    - Реални шоуа
    - Цигари (иако сум пушач)
     
  4. Ludaaaa

    Ludaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Па цигари,дрога,алхохол..
     
  5. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Секојдневен стрес и нервоза -НАЈНЕПОТРЕБНО
     
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Темата е типичен пример за непотребни работи.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.