Здраво , ја пребарав целата содржина ама не најдов за нокти за Нова Година... Доаѓа Нова Година па сега размислувам какви да си ги направам... Ај помош ..!
Нека бидат црвени, на палецот стави Дедо Мраз, на показалецот лампион, на средниот снегулка, на тој до средниот стави му сијалички, а на малиот ирвас.
Сето тоа да биде максимално шарено, на црвена основа нели и обавезно да светка А теми за нокти колку сакаш...
Да планирам нешто со црвена подлога а и на одредени нокти бели светки (да наликуваат на снег) ама ќе видиме .
А што па мора да бидат новогодишните нокти со ѕвонци, елки и ирваси? Не знам веројатно вкус е во прашање, но мене ми делуваат премногу детинесто и не се совпаѓаат обично со останатиот дел од изгледот. Ако толку сакаш некој посебен маникир за Нова година мој предлог е да ставиш некој повпечатлив лак со интересни светки или комбинирај црвен лак со некоја дискретна златна шара.
А сериозно прават вакви нокти, јас, а мислам и мимс, само се шалевме. Ама ствар на вкус.. Јас не би, искрено.
иако за мене скоро сите дизајни можат да бидат и новогодишни, сепак затоа што темата е таква ќе издвојам два кои мислам дека се полесни за да можете сами да ги направите по дома. Доколку немате навика (како мене) да одите во салон за да ви ги направат ноктите.
Епа ,да немора да бидат баш новогодишни , ама да одговарат за тој период ... Инаку сите предлози досега ми се допаѓаат ... Па ке видиме
Јас па на зима скоро секогаш ноктите ми се налакирани со црвен лак или бордо зависи кога како Црвената боја покрај тоа што ме потсеќа на елеганција и женственост,ме потсеќа и на Нова Година и Божик Понекогаш знам да си нацртам зимски нокти со шарки : снегулки,дедо мразовци