Претпоставував ама има некои надополнувања на сведителства се по една страна... @An4e banance значи 600 денари
Девојки ајде едно нотарско прашање од мене. Како оди постапка и што треба од документи за заверка на гарантно писмо/писмо за покана за виза? Конкретно ми треба за виза за во Македонија, јас треба да го напишам писмото, да го заверам на нотар и така да го дадеме во амбасада. Нема никакви примери за писма на македонски, најдов некои на англиски гледам вклучуваа податоци од типот на број на лична карта, датум на раѓање,а адреса на живеење и слично. ама не сум сигурна што би требало да однесам јас кај нотарот.
Има некој нотар да ми даде упатство каде да се обратам? Потребно ми е да ми направат проценка на образование во странство, меѓудругото бараат документ кој ќе биде заверен со пасош за потврда на идентитет. Во насоките и објаснувањата кои се овластени лице е наведен и нотар. Меѓу другите набројани се и адвокати, но адвокат ми вика дека за тоа бил овластен само судски преведувач, а ваму не е спомнат. Исто така пишува "The seal or stamp must be in English or French" има кај нас некој со таков печат? Каде да се обратам стварно не знам...
Ги преведуваш првите 2 стр. од пасошот твој на англиски јазик преку судски преведувач, понатаму преводот од судскиот преведувач го носиш во судот да ти стават апостил или доколку во странската држава ги признаваат нотарски заверените исправи како јавно заверени исправи тогаш преводот само го заверуваш кај нотар.
Пасошот ми го признаваат ваков каков што е, нема потреба од превод. Има само дополнителна identity form што треба заедно да ја прикачам со скен од пасошот, е таа треба овластено лице да ја завери. Уствари пошто не одам лично таму, туку само им праќам документи, треба тоа овластено лице да потврди дека јас сум таа. Ама дека пишале тоа погоре што го цитирав... Не знам дали некој во нашава држава има и право да работи со таков печат, м?
Потврда за идентитет претежно издаваат нотарите, во случај да не сакаат да ви издадат таква потврда, прашајте таму дали прифаќаат потврда за идентитет издадена од адвокат, ако прифаќаат тогаш било кој адвокат може да го потврди вашиот идентитет врз основа на важечка јавна исправа за лична идентификација (лична карта или патна исправа).
Zdravo, od firma treba da mi podnesat za UK viza mi baraat da napravat moite na notar izjava deka sum na nivna adresa kako dokaz deka ziveam so niv.. dal nekoj pravel da me posoci kako treba da izgleda
Здраво, дали некој знае да ми каже заверка на потпис - образец ЗП кај нотар, што конкретно значи тоа? Колку трае целата постапка? Треба да присуствувам за толкување, па да знам отприлика.
Обична заверка на потпис, се пополнува име презиме ембг и потписот се става пред нотар своерачно и нотарот врз основа на лична карта го заверува потписот, заверката станува веднаш се плаќа 150 ден. кај нотарот. Инаку ова најчесто се користи за управителите на трговски друштва го заверуваат потписот за да можат да ја активираат трансакциската сметка на фирмата во банка, од банка им бараат ЗП образец заверен кај нотар, и горе кај ЗП образецот го допишуваат ембс, назив и седиште на друштвото, а за кај регистрационен агент за отварање на фирма ЗП образецот не треба да биде заверен кај нотар, истиот електронски го заверува регистрациониот агент за потребите за регистрирање на фирма. Во сите други случаи ЗП образецот се заверува кај нотар како што објаснив погоре.
Здраво, потребна ми е заверка на копии од оригинални документи (диплома и сведителства) за студирање во странство. Дали постои можност заверката да биде и на англиски јазик? Имам превод на потребните документи, потребно ми е оригиналите да бидат заверени.
ако бараш заверка на копии може и на англиски да е документот..заверка на потпис не може на друг јазик
certified photocopies of your original diploma and complete transcript of your Drzjavnata Matura awarded by the Secondary School. If these documents are not issued in English, Dutch, German or French as standard, we will need to receive official translations of your documents translated by a sworn translator alongside certified copies in the original language. Преводи имам. Прашањето ми е дали оригиналните документи на македонски јазик што ќе ги заверувам на нотар може да бидат со англиски печат?
Здраво, колку чини согланост полномоштво од родител за сликање на дете за пасош, бидејќи нема да бидам во државата, за да може да присуствува само таткото?
200 денари.... Затоа што дипломите се со два листа. Првиот лист е 150 денари. Секој нареден е 50 денари. Јас имам заверувано диплома од средно.