Една наметка видов, истата кај оваа страна беше 1.100 а на Luxe-fashion Macedonia истата скроз беше 650, мада и од таму имам порачувано маички, ми испратија (на сликата беше црвена) во живо портокалова плус наместо величина S се познаваше дека намерно беше искинато тоа кај што пишуваше M и ми беше поголема, па уште кога им пишав се прават будали, како што, не не маичката е така, искрено би ги издвоила sovrshena.mk како фер и коректни и proshop poracki
здраво девојки дали некоја има искуство со mymoda.mk и boutique bella го имаат овој модел и сакам да си порачам ама не знам дали се ко на сликиве , ако има некоја порачувано нека сподели искуство.
Јас имам еднаш порачано од овде и имам позитивно искуство. Кога им пишав брзо ми вратија, направив нарачка без проблем, ја поврдија и за 2-3 работни дена ми стигна. Фустанчето беше исто како сликата. А MyMODA ептен ми се видоа како несериозни. Сакав да нарачам, ми потврдуваат дека имаат на залиха тоа што ми треба, им дадов и податоци за достава за после 2 дена да ми пишат дека сепак ја немаат таа величина од моделот.
Ааааа, мене нешто ептен ме фатил мераκот да си порачам нешто онлајн неκој κомплетич да си порачам Фирмава не е од Κочани??
Нарачувал ли некој од sweetdreamss_online?убави ми се гледаат пиџамките ама материјалот и квалитетот не им го знам
Јас еднаш нарачав тренерки од mymoda и ми рекоа за 4 дена дека ќе бидат доставени и нормално не стигнаа, им пишав после 10тина дека дали е испратено воопшто ми рекоа дека е, и после месец дена ми се јавија да ме прашаат дали уште сакам да ми бидат доставени тренерките и им реков не фала. Среќа па тука на форумов видов и негативни искуства со тие тренерки па да не ми е криво за парите
Јас го имав од Али нарачано по истата цена, значи ова е ВРВОТ, брзо фенирање+ косата мека и како да добива сјај. Проблемот беше што за 1 месец ми пукна и предтана да работи. Сега на facebook најдов страница која нуди 1 година гаранција, и планирам пак да ја нарачам. 100% ти препорачувам
Јас ја имам ама од Лидл со додатоци ја земав. Односно тоа е фен,а се вади четката што е и се става друг додаток. Ама па не знам да ја користам. Дали можеш да ми кажеш како ја користиш?
Mymoda СЕ НАЈНЕСЕРИОЗНАТА, НЕЉУБЕЗНАТА ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА ШТО ПОСТОИ!!! ГОЛА БИ ОДЕЛА, АМА ОД ТАМУ НЕ БИ ПОРАЧАЛА ОБЛЕКА!!! Нерви ми скинаа за еден пар тренерки кои ги нарачав буквално од досада за време на карантин. Месец и пол се расправав со нивните полуписмени “офисерки”.
И јас не сум задоволна, имаат доста слики од интернет и кога им речеш да ти пратат слика од нивниот бутик како изгледа, не праќаат велат исто е, а допирна точка нема
Паа нема ова додатоци, се едно е , и е статично не се врти и како со обична четка какби потези би правела , така и со ова
Здраво, да ве прашам нешто, имено пред скоро време се вратив во Македонија и планирам да останам барем некое време. Пред некој ден нарачав нешто онлајн од тука и пратката ми пристигна, меѓутоа тој закон за царина над 22 евра е катастрофален. Пратката од 30 евра, морав да ја царинам, па уште некој склад и агенција итн... крајниот муабет повеќе од 40 евра дадов тука во Скопје одколку за самите продукти. Дали имате некој тип (совет) да ми дадете за тоа како вие се снаоѓате со купување од странство, бидејќи ова е повеќе од не реално. Јас постојано купувам онлајн и апсолутно никаде и никогаш не ми земале повеќе од 10 евра за пратки до 150 евра. Благодарам многу.