На овие од ДХЛ мислам дека некој треба да им стегне една тужба. Си прават како што нив им одговара. Неможе продукт од 30еур да подлежи на царина.
Во право си, само тоа пакетче беа некои документи. Дојде на работа и кажа цена,се стаписав. На овие им е сеедно,си плаќа тој таму како 800 евра да се 8евра. Па билет до Шведска е поефтин.
Девојки, најдов еден сајт на кој можеш да си направиш custom шампон и кондиционер, е сега секако не вршат шипинг до Македонија, најблиску до Бугарија. Видов постојат некои фирми што демек го преземаат пакетот за тебе, па ти го препраќаат на тебе, секако за надомест, ама некако не ми е верно. Знаете ли некој начин како да стигне пратката до вас, ако не се врши шипинг до Македонија?
Хеј девојки, сакам да порачам од Promod меѓутоа нели нормално не вршат достава до Македонија. Прашањето ми е, дали има некоја македонска страна или фирма што може да ја преземе нарачката и да ја препрати на мојата адреса? Значи било каде од ЕУ, Германија, Велика Британија, Франција или Бугарија, сеедно. Ја открив FB страната „нарачај од ЕУ“ ама последниот пост им е од април 2019 и најверојатно не работат повеќе. Секоја идеја е добредојдена.
Не знам што е работава, ама преку Ebay веќе платени пратки, една од UK, а другата од USA, ми ги вратија парите и ми пратија порака дека во пошта им рекле не може за Македонија пратки да праќаат Сте приметиле дека преку PayPal кога прават рефунд, помалку пари имате од сумата која ви ја вратил селерот ? Селерот го враќа полниот износ, ама PayPal си зема проценти од сумите. Само од двете пратки ми одбиле 450 ден.
И мене ми вратија пари од бјутибеј за нарачка во октомври, бидејки пратката била вратена назад Нарачав нешто минатиот месец, ке видиме дали ќе стигне.Што е работа знае ли некој очигледно има проблем со пратки од Англија?