Онлајн шопинг

Дискусија во 'Мода и стил' започната од lady-gaga, 13 јуни 2010.

  1. LocoCroco

    LocoCroco Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    па не ама според килажава не би требало да те царинат? Се надевам ќе поминеш без да доплатиш уште
    Иначе од која страна го порача парфемов? сакам и ја да си порачам од странство
     
  2. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Машки
    Нема врска што е пратката и колкава е, се над 90€ се царини.
     
  3. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.777
    Допаѓања:
    2.091
    Etat Libre D'Orange :) (официјалната страна брендот)
     
    На LocoCroco му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.777
    Допаѓања:
    2.091
    на страната на македонски пошти на тракинг кога ја барам ми стои на царина од 12-ти пишува дека „недостасува фактура“.. никој не ме контактирал до сега, а што значи ова каква фактура недостасува?
     
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Машки
    Епа најверојатно наскоро или ќе те контактираат или да одиш ти до пошта…
    Не знам дали тука некој пишуваше за слична ситуација, побарај низ темиве, ама можно е да треба да доставиш документација за цената на производот или за плаќањето…
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  6. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.446
    Допаѓања:
    5.212
    Пол:
    Женски
    Барај имаше една тема следење на пратки или така нешто...ќе ти стигне писмо на домашна адреса ќе ти бараат сликана или испринтана самата нарачка и доказ колку си платила за да може пресметка да направат...јас со друга страна имам такво искуство исто ми пишуваше недостасува фактура и тоа беше процедурата
     
    На MayDiamonds и LocoCroco им се допаѓа ова.
  7. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.777
    Допаѓања:
    2.091
    а ако ја фалширам фактурата и ставам помала цена од тоа што го купив, има шанси да платам помалце царина или да не платам ич? :tmi:
    (ко не кради државата па зошто и јас да не :^))
     
  8. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.446
    Допаѓања:
    5.212
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да правиш кривично дело слободно, твоја е одговорноста
     
  9. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    11.897
    Дечки последни искуства од Ресервед ми требаат.
    Пишува на страната дека достава е бесплатна до продавница.
    Инаку се плаќа 250 ден.
    Јас сакам да си нарачам некои работи а вкупната цена им е 1700 ден, од акциските.

    Дали има некое ограничување, пример да се производите од редовни цени а не од акциските, за да имаш бесплатна достава и сл?

    Или треба да направам минимум 2600
     
  10. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    1.102
    Дали има некој што нарачувал скоро од FarFetch во Македонија да ми објасни царина, лежарина, дали искучиво преку ДХЛ испраќаат, за колку време стигнуваат нарачките итн?

    Најдов очила што ги има и тука но на апп се поефтини, ги испраќаат од Италија. Шипинг 20евра и пишува може да подлежи на царина.
    Да очекувам царината да е исто колку очилата? :( И дали повеќе ми се исплати да ги купам од тука за дупла цена ,или да ризикувам преку FarFrtch.
     
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    10.018
    Ќе си ги платиш исто како тука да си ги купила, всушност затоа се тука поскапи пошо имаат трошок за царина продавачите :) До душа може и поскапо ќе ти искочат, лежарина и посредување за царинење на ДХЛ треба да платиш ова искача МИНИМУМ 50€, и на ова плус царина на државата според вредноста на пратката.
     
    На babybubu му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Машки
    Не сум нарачувал, но голема е веројатноста да доставуваат по ДХЛ или слична брза пошта, според цената на доставата.

    Дополнителните давачки, зависат до некаде и од цената на производот доколку тој надминува и 90е. Голема е веројатноста да ја надминат и цената на наочарите. Евентуално да ги нарачаш некаде во странство, па некој да ти ги донесе, инаку според мене воопшто не се исплаќа.