По моето скромно познавање, насловот би требало да значи "Постојат". За текстот, можеби @Rose96 може да ти помогне.
За ништо од горенаведеното немаш провизија освен за користење на електронско банкарство. Мене ми наплаќаше кога користев. Одиш на банка ком мк и се најавуваш Каматната стапка ти е за средства од дозволен минус т.е дозволено пречекорување
Не памтам. Некоја ситна сума беше. Ама како да слушнав дека не наплаќаат сега. А може зависи и од видот на трансакциската сметка. На пример за некои се плаќа 25мкд месечно за одржување а за некои не итн
Мислам дека може да префрлаш пари од твојата сметка т.е. картичка на друга. А да ставаш пари во банкоматот па да ти легнат на сметка неможе.
Девојки, треба да патувам деновиве и сакам да исклучам роаминг, кажите ми дали вака како што ми е на моб е доволно или мора да идам до салон да исклучам?
Јави се на центарот за грижа за корисници, мислам дека треба име, презиме и матичен број да кажеш и ќе ти го исклучат. Но зошто би го исклучила? Не одговарај на повици, не вклучувај интернет и нема да отиде сметката до плафон, ако тоа е причината ради која сакаш да го исклучиш. Кога си до друга држава никогаш не можеш да знаеш кога ќе ти затреба телефон.
Е тоа е веќе друго, не си пишала дали ќе работиш таму, дали ќе шеташ, колку време ќе останеш во странство. Сите комбинации на vip при-пејд и пост-пејд, а исто и на t-mobile ми се пробани во странство доколку не се јавуваш, не праќаш пораки и не вклучуваш интернет - телефонот сам од себе ништо не може да направи, ниту да ти го потроши кредитот ниту да ти направи повисока сметка.
Здраво!!Дали може да ми препорачате некој добар доктор кои прави совршени и одлични операции на голем и грбав нос?Може докторот да биде и на приватно и колку чини од околу за цена? Поздрав.
Знам другарка одеше во Санте Плус за корекција на нос,и беше многу задоволна,ама знам доста скапо плати,е сега точно за цената не можам да се сетам.