Помош Си купив ново блузе бебешко розева боја и испотив што е најнормално на ова време. Ама границата до кај што сум се испотила е жолто. Немам појма прв пат ми се дешава ова ќе се убијам. Ќе излези некако?
Кај можам да најдам од она lazy bag но не оние на воздух што се, него од они кои се од платно и внатре полни со сунгер или незнам што има, така кога ке легнис дља пропаднеш
Девојки да ве прашам тие што ја користеле црната маска за вадење црнки и сл. од лицето дали навистина е добра и од каде ја купивте? ми треба за околу носот. Ве молам за искуство со оваа маска
На битпазар по тезгите има секакви чуда.. Има и машки привезоци, има и женски (оние како туфка во разни бои) И не се скапи.До 150 денари се отприлика.
Јас имам црна маска и сите цркни ми ги извади сега воопшто немам. Мојата си ја порачав од Алиекспрес, но изгледа има и во ДМ провери таму.
Според мене мила зборовите кажани најмногу болат те кршат како стакло. Кога ќе размислиш и двете нешта болат ужасно али зборовите најмногу
Дела...зборови како зборови секој може да каже што сака,е сега ако се замараш со кој што рекол кажал (а колку побрзо сфатиш дека ретки се оние кој ти мислат добро,многу подобро ќе живееш) според мене делата...збор е ништо
Ве молам ако знаете некој спас од црвчиња во паркет,се појавија на спратот кај брат ми и снаа ми,а се им е ново и паркет и мебел бидејќи нема половина година како си живеат таму,а досадниве црви лом им го сторија паркетот и сега почнаа да го гризат и тепихот
Зависи за каква ситуација станува збор. Пример: Ако станува збор за врска и изневерување нормално дека делото (изневерувањето) ќе боли повеќе и од некои кажани зборови. А ако согледуваме помеѓу шамар и упатен навредлив збор што ќе се памти, тогаш според мене зборот ќе остане во сеќавање и ќе те гризе, додека шамарот за 5 минути ќе помине. Но, сепак шамарот и насилството не се опција и не ги оправдувам. Пак ќе кажам, зависи од ситуацијата.
И зборовите се дела. Што и да направиш или кажеш е дело. Според мене ако е од личност која многу ни значи и сме поврзани ќе не боли многу безразлика е дело или збор. Барем мене би ме болело.
Јас имам од DM земено, ама дали не ја држам доволно долго време, не знам што е, ама мене ниту една црнка досега не ми има извадено. Нареден пат ќе ја држам дупло подолго, па да видам дали ќе извади нешто.
Дали утре може на Богородица да извадиме меѓународна возачка дозвола и што ни е потребно од документи? Искуства?
Знае ли некој/а дали во Телеком продаваат картици само со интернет? Значи не СИМ картица со број, туку ДАТА картица која има само интернет, но нема број. Ми се јавија роднини од странство и прашаа дали можат кај нас да купат таква картица, за додека се во Македонија да имаат интернет за разговор дома кој би ги фатил поефтино отколку роаминг, но да си го користат нивниот број, да не користат наш, ама јас сите досега што ги прашав немаат чуено за ваква картица, па не знам дали воопшто постои такво нешто кај нас... @ЕденЧлен те тагнувам тебе пошто се разбираш во телефони, па да не имаш чуено и за вакво нешто? Или ако знае и некој друг да ми каже, секоја информација би ми била добредојдена.
Незнам дали си запознаена од пред една недела за да извадиш меѓународна дозвола, треба да имаш потврда од МВР. А потврда од МВР моѓе да се извади само од понеделник до петок и тоа се чека минимум пола ден.