@marta993 @pamelche Ако можете плаќајте си електронски јас така плаќам.Провизијата е 15 денари (на Комерцијална банка) за било која сума.Семестар кога уплаќам 200 евра во Пошта провизијата е 200 и нешто денари,а електронски за сите е 15 денари
Дечки, утре сум на ехо и на екг на срце. ЕКГ беше тоа каде што те лепат со едни бели кругчиња по телото? Ако е тоа, може ли да ми каже некој каде сè по тело те лепат со тие. Ептен имам трема од такви работи, па да си се припремам психички.
За ЕКГ штипките се ставаат на раце и нозе кај зглобовите,а на градниот кош се става лента или пумпици Само што твоите нема да бидат лепени како што ги лепат кога ќе се носи холтер и за стрес тест.Се разбравме се надевам
Девојки може не ми е за тука прашањево али ме интересира многу за сума мед лекарствата ? Читав нешто коментари има и лоши и добри некоја што ги има користено да ми каже искуство фала ви
http://vlada.mk/node/13007 Дали некој има поконкретна информација за работното време на локалната самоуправа?
Дали го знае некој бројот на др. Самарџиски на гинекологија , го вратив на фабричко и останав без него а хитно ми е ?!!
Девојки каде има продавница на Голден Роуз со Мејкап Револушн производи,во Сити/Рамстор мол има ли? Хелп, итно е.
Има во Рамстор, мислам има и во Сити мол. Има и на Рекорд. Всушност во секоја продавница на ГР се продаваат МР производи
Горен дел секако ќе мора да слечеш. За ехо такви бели кругчиња лепат мислам околу срцето дека беа и по едно под градите. А за екг на раце и на нозе има штипки а околу срцето ти ставаат едни 4 како со вакум (незнам како да ти ги објаснам ). Во секој случај не е ништо страшно, само опуштено.
Нанеси на дамката средство за миење садови (сјај) и врз него стави сода бикеебона. Остави така да отстои една вечер, утредента ќе светне маичката .
Нема да избледи , ако ти е страв не ставај сјај, само наводени го местото и стави сода. Мене до сега не ми се случило да избледи дури и на ептен нежни блузички од ќеркичката.