Замолувам некој кој има познавања од меѓународно право, а воедно и добро го познава англискиот, ако може да ми протолкува еден текст, да ме контактира во инбокс. Благодарам
Не знам кај да го сместам прашањево. Знае ли некој дали Венко Андоновски е преведен на англиски јазик? На нет најдов за дела преведени на хрватски, руски и француски, но за англиски не успеав ништо да најдам.
Од пред некое време мојов таблет не сака да се полни. Три полначи различни сменив ама залудно. Само со едниот се наполни од 16% на 36,37% и толку повеќе од ова не сакаше да мрдне. Би знаел некој што може да му е? Јас се сомневам на приклучокот за полнење, некој дефект. И не е веќе под гаранција. п.с. ако треба мислењево да е во посоодветна тема, преместете го.
Мене така ми правеше стариот телефон. Смени му го конекторот за полнење. Јас кога го менував 500 ден платив.
Можно е батеријата дека е дотраена. Потребно е да се купи нова, но тоа прашај во продавниците на Сетек или Анхоч дали и како може да се замени. Од центар 3а и 50 (двата тргнуваат од Водњанска - кај Клиничкиот центар т.е. државна) Но исто така и автобусите: 45, 52, 53, 55, 62, 65 http://mihajlopupin.mk/za-nas/lokacija/
Јас го имам користено и не го препорачувам во никој случај не само што едвај вади поточно ги кубе влакната значи воопшто не депилира убаво туку за да ти извади некој делови од влакната мора да ти се ептен долги па и тие не ви вади како што треба ,ужас од депилатор се надевам дека не си го купила.
@ТрагачПоНадеж Преку оваа страница: http://www.flvto.biz/ можеш да си спуштиш било какви песни Само го копираш нивниот линк од YouTube и го ставаш во празното правоаголниче. Можеш да спуштиш и mp3 и mp4. Јас ја користам оваа цело време за спуштање песни.
Што да однесам кај другарка на веридба муслиманса ама притоа да не ја навредам со нешто... знам ништо што содржи алкохол... дали нешто облека... пижами... бањарка... ? За злато немам такви пари затоа што сум студентка уште ..
Има ли некаде во Скопје некој комплет за средување брада (beard grooming kit) како овие? Значи не комплет пена + афтершејв, туку вака со чешле и масла за одржување на голема брада.
Зар постојат подароци од кои би се навредиле муслиманите?! Злато ,па и за веридба , од другарка, шо знам дали и се носи. Цвеќе и некој убав албум за слики можеш пример
@Punk girl Можеш да и купиш некој парфем, марама, миризлива свеќа или бижутерија (бисерна нараквица, обетки и огрлица). За веридба можеш да однесиш и само бонбониера, јас досега не сум купила нешто посебно. @CinnamonBambi Комплети со масло, помада и чешли можеш да нарачаш преку Amazon. Овде имам видено само во DM, ама без чешел. Побарај ги овие фирми: Rapid Bear (во комплетот има и мала ножичка за средување брада), Zeus (комплет со шампон, регенератор, масло и четка), Seven Potions, Maison Lambert, Mountaineer, Wizard, Jack Black или Craft Beard. Zeus знам дека е околу 70 долари, а Mountaineer 40. После ќе купувате само масло и помада, јас мислам дека се исплаќа.
Каде може да купам конец ама дебелиот што како стар личи? Не знам како се вика, ми треба за поклончиња околу празнициве. Веројатно ме сфативте