Претпоставувам за која обука се работи За да се пријавиш за обуките мора да си пријавена во аврм како невработена. А штом си редовен студент не можеш да се пријавиш.
Знае ли некој колку чини обнова на истечен пасош, а колку на лична карта, и за колку време ги издаваат?
Првин треба да си закажеш. За пасошот зависи дали по итна постапка или по редовна постапка, во експозитурата која се наоѓа веднаш до институцијата ти ги пополнуваат уплатниците и си уплаќаш. Мислам дека за лична карта се чека околу 15 дена , но мораш 15 дена пред истекот на личната карта да си закажеш. Плус зависи и дали ќе имаат пластика за да ги изработат, многу проблеми имаат околу неа. Поради тоа може да се почека и подолго за лична карта.
Кои продавници за чевли од тие на Рампа или Битпазар (Мис Шоп Шус, Аванти и сл.) држат машки кондури?
Ништо уживај. Не сум сигурен за цената за лична карта бидејќи јас уплаќав пред 2 години и не знам дали е истата сума, можеби се сменило нешто во цената што знам се си бива во оваа наша чудесна земја.
За лична карта се плаќа 190 денари, плус 35 денари провизија. А можеш и со картичка да платиш кога ќе се сликаш. Ја даваат за 10 работни дена.
Да не знаете од каде да си нарачам онлајн шишенце слично ко на сликава? Алиекспрес и Ибеј отпаѓаат од игра...
Нема да ти стават бодови во системот, најубаво да одиш и да го известиш дека не си се потпишала. Или напиши му мејл. Доколку е коректен професор ќе ти ги внесе бодовите доколку само твојот тест не е потпишан. Затоа внимавај нареден пат за да не ти се случува такво нешто и да не се наоѓаш повторно во иста позиција.
Сакам да ве прашам дали некој може да ми каже кој автобуски превозник според вашето искуство е најдобар на релација Скопје-Штип и обратно? До сега немам патувано со автобус во тој правец па поради тоа би замолил за совет. Ви благодарам на разбирањето.