15.000 е во Тинекс, бев на интервју и ми кажааа дека е толку. Ама зависи во кој тинекс дали во малите или поголемите. Така да гарант е 12.000 денари во Веро.
Не можат да бидат 9000 кога минималецот е 12.000 Во веро платите се околу 12.000 зависи од месецот и празниците ..па и 15.000 земаше другарка моја @Justicija
12.000 другарка работеше таму на каса, плус уште 300 други работи она воопшто не беше задоволна, ни од плата ни од ништо, ама секој за себе искуство.
9 илјади???? Па како ко минимална е 12 илјади? Јас знам пред 5-6 години 15000 беше. Работеше една цимерка
Дали е точно дека од 15 мај ќе ги укинат целосно 10 и 50 денари книжни? Моите нешто слушнале на вести ама не се сигурни, си полнам касичка со внуките па да знам дали да ја отварам и да ги сменам
Во Рамстор, Веро Тафталиџе и Веро Џамбо работат до 22 часот. Дежурните работат 24 часа.Едната е во гаражата спроти ГТЦ, а другата е на пазарчето во Тафталиџе. Некои работат до 14 часот мислам, така е со Буњаковец. Некои воопшто не работат.
Каде да најдам рачен (кабински) куфер за во авион? Гладав во Офис плус и Карписа и многу ми се скапи. Некое друго место?
Итно ми треба одговор... Грундиг ТВ купен пред неколку месеци, сега кога го исклучувам се исклучува и за неколку секунди сам се уклучува, пак го исклучувам пак се уклучува, што да му правам?? Што му е проблемот? Првпат вака прави.
На тамбјути ако потрошиш одредена сума,ти следува гратис една палета.Ме интересира дали таа сума треба да се исполни само со производи или тука е вклучен и шипингот заедно?