Пак јас. Ми треба идеја за поклон за фризер. Ќе отвора нов дуќан, па сакам да биде нешто што ќе го користи, а да не е поскапо од 1000 денари.
Дали папочната врвца ја имаме во себе во текот на животот? Кога се раѓаме папокот ни стои неколку дена и потоа сам паѓа, сакам да прашам дали и после тоа ја имаме(внатрешно)? Или се појавува тогаш кога ние жените остануваме бремени? Слушнав нешто и неможам да си го објаснам. Немојте да се смеете, ако знаете објаснете ми.
Па имаш пегли и фигара за коса кои не се поскапи од 1000 денари а сигурно многу ќе ги користи. Зедов и јас така и не зажалив многу траат.
Појас дефинитивно ќе му користи, а каде можеш да најдеш (освен на алиекспрес, ибеј), појма немам Јас пегли, фенови, ножици, такви работи не би земала никако, тие работи најубаво сами да си ги бираат.
Jaс на другар што исто отвори фризерски салон, му поклонив слика за на sид, и на неа пишуваше ова Сите прават селфи со сликава
Ми се свиѓа ова. Ми се свиѓа и оноа на @DAngel. Јас не сакав да и купам некој прибор за шишање зошто она си знае најубаво кои се најдобри. Одлучено е. Сликата и појасот ќе бидат поклонети. Е, сега само уште појас да ми кажете кај да купам.
Смешно ми е морам да се насмеам Не. Папокот е само надворешно и е врска на бебето со мајката. Значи бебето со папочната врвца е поврзана со плацентата и преку неа се храни. Се пресекува со раѓањето и таа отпаѓа по неколку дена од бебето. Значи внатре во бебето не останува ништо оти никогаш и немало ништо таму.
Девојки дали мислите дека е срамота да објавувам слики на фб оти гледате нели во тренд е само инстагра и велат дека никој не постира слики на фб?
да сериозна сум.живеам во таков свет каде се се врти околу социјалните мрежи и секој ден излегуваат нови трендови
Прво да ти одговорам на прашањето: Не, не е срамота да објавиш слика на фејсбук иако тоа веќе не било по најнова мода. И второ ќе ти дадам еден најпријателски совет. Никогаш немој да се заморуваш со следење на трендови, затоа што така се губиш себеси во тој свет на „сите го прават тоа па морам и јас“. Биди своја, размислувај со своја глава и донесувај свои одлуки. Колку и тие да се добри или пак погрешни, сепак се твои. Верувај ми дека за да бидеш ин треба многу повеќе од само убави слики на инстаграм, треба да бидеш ти и да се гордееш со тоа што си посебна
Преку Грција. 450 km, за околу 6-6 и пол часа се стигнува зависно како ќе биде на граничните премини со гужва.
Папочната врвца е поврзана со папокот на бебето и со плацентата на мајката (она црвеното горе) и така се снабудува со крв и храниливи материи од мајката. Кога се раѓа бебето ја пресекуваат папочната врвца близу до папокот на бебето и после неколку дена таа паѓа и ни останува тоа што ние возрасните потоа го имам папок.Од страната на мајката папочната врвца е поврзана со плацентата и веднаш после пораѓајот мајката а изфрла плацената заедно со паопчната врвца надвор од телото.
вака, веќе некое време имам денарска трансакциска сметка во Sparkasse, но ми требаше девизна, па бев да отворам. потпишав договор и ми дадоа книшка. дали знае некој зошто не можам да ја најдам сметката во netbanking? зошто ми ја покажува само денарската? треба да чекам некое време или како?
Во Бисер трговскиот има дуќан за опрема за фризерски салони. Од обични чешли до фенови, столови па и перики има...разни прскалки, држачи...свашта АНЕЛ нислам се викаше, на горниот кат е.