Значи вака, малце е глупаво прашањето ама како да направам тестенини со зејтин? Дали треба да се загрее зејтинот па да ги ставам или само да истурам врз нив?Никогаш не сум правела со зејтин а сама сум дома страв ми е да не запалам нешто. Побрз одговор ако може
Го ставам маслото во посебно тавче да се загрее, ставам од око. Не знам да ти кажам точна мерка. Кога ќе се загрее, пробај стај капка врз тестенините, ако шушти значи е добро, го истурам целото, поклопувам тестенините 5-10мин да се задушат и спремни за јадење.
Зависи. Ако сакаш да ги запржиш, го загреваш маслото па после ги ставаш. А исто можеш да ги свариш, ги процедуваш и потоа ставаш одозгора зејтин и зачини. Мене и така ми се убави.
Има и во музеј на Македонија под кале. За овде сигурно добивате музејски сертификат, за тие од чаршија не сум баш сигурна
Уште едно прашење од мене Дали знаете дали некој во Скопје откупува стари банкноти од типот на стари левови, динари, толареви? Дали има во Чаршија можда?
Прашај во антикварница или по тезгиве низ улица Македонија што продаваат стари работи. Пред куќата на Мајка Тереза има една тезга каде што се продаваат дури и стари "брошеви" со авиони, логоа и слично. Не знам точно како се викаат.
Здраво, Моментално се наоѓам во ситуација на избирам.Немам завршено факултет,ама сакам се во врска со туризмот.Ме интересира што вие би избрале.Сакам да полагам за признаен сертификат на факултетот Туризам и Менаџмент. Се двоумам помеѓу: 1.Сертификат за Туристички водич 2.Сертификат за Туристички придружник 3.Сертификат за Раководење со туристичка Агенција. Што е подобро,и со која професија би можела побргу да се вработам?
За третото факултет ти треба.. Туристички водич ти е најдобро За туристички придружник испитите ти се исти со тие на водич со тоа што за водич има дополнително предмети Патем..не полагаш за сертификат.. Полагаш предмети и откако ќе ги положиш одиш во министерство да ти издадат лиценца.. Без неа си никој и ништо
Треба да почнам да пијам цикло прогинова од утре среда. дали некоја знае како да ги пијам се пијат по шема ама неможам да ја сватам никако
Дали некој има купувано перница од сомниа шоп? Кои се најдобри/најквалитетни перници за удобно спиење? Гледам дека имаат 50посто попуст... https://somniashop.com/shop/pernici/
Девојки дали знаете каде се продава сината (сина, не плава/жолта) ТРАЈНА фарба од Гарниер, ја видов дека ја има купено едно девојче од инстаграм ама не ми кажа од каде. Ако ништо друго, дали знаете каде можам да најдам сина трајна фарба (со хидроген, не колор шампон) во Скопје? Ми кажа некој маркет близу арачиново само, знаете каде е тоа?
Ако мислиш на С Маркет, тогаш не е близу Арачиново, ама е на патот накај Арачиново. И сина фарба за да ти фати убаво, ќе треба да се избланшираш прво ако ти е темна косата.
Predlog za dobar kvaliteten dusek za spienje ... ? Nekoj da ne ima kupeno od edna prodavnica ne znam kako se vika karsi leptokarija e
Jaс вчера се фарбав со Evolution 11ka. Во каталогчето беше сива, таква и сакав да ми испадне, а уствари ми испадна сиНа светло . Али многу ми се допаѓа како ми испадна . Ако имам време ќе ја сликнам да видиш. Инаку бев плава и убаво ми фати бојата. Како што ти кажаа ако имаш потемна коса ќе треба да ја бланшираш косата за да ти фати сината.