Бев за германија 2 месеци па си дојдов сега (со мк пасош) дали мора да чекам 3 месеци пред пак да отидам.
Не. Ама не смееш да останеш повеќе од 90 дена во периодот. Ти за тие 2 месеци имаш 60-62 од 90 можни дена престој
Купив прајмер и на декларацијата пишува дека е произведен на 5/2015. Рокот му трае 12 месеци по отварање, нема врска што е произведен пред 3 год?
Значи рокот почнува да тече кога ќе се отвори производот. Ама треба да има рок во кој смее да се користи, тој е наведен посебно, т.е испечатен на амбалажата.
Некој да не го знае професорот по словенечки во Охрид, слушнав дека еден бил што давал часови. Или да ме упати каде да побарам информација?
Имам едно прашање. Се пријавив електронски на страната на ујп за данок. Ама не бев во можност одма да го испечатам, и сега пробувам да влезам пак и вика: Не е дозволена најава на неодобрен корисник. Внесовте невалидни податоци. Најавата е неуспешна Сигурна сум дека податоците што ги внесувам се точни. Чаре ?
Чаре ќе одиш во понеделник во ујп. Ќе им дај податоци и мејлот и тие таму одма ќе ти средет и нема проблем. Немојш да испечатиш сеа, не се мачи.
Здраво. Ако може да ми кажете некоj македонски саjт или група,страница во фб каде би могла да си наjдам да читам поезиjа ,стохови,песни на македонски jазик ,без разлика дали ваша класична литература или нешто модерно ,како Дарко Лешовски на пример. Се што го има во теми на форомот го имам изчитано. Фала однапред. ^^
Тука види http://makedonika.mk/Knigoteka.aspx Само мислам треба акаунт да направиш за да можеш да читаш.
Да не бил некој Ниже поле(Битолско) на ски-стазата годинава? Сакам да прашам каков е патот до таму, дали е добар и прооден со кола? И уште едно глупаво прашање за тие што го имаат посетено местово во зима: Што се прави таму всушност? Треба посебна зимска опрема? Дали има да се напиеш нешто и да поседиш( да поуживаш во идилата)? И слично во врска со ова....прв пат сме во план да одиме, па да се информирам колку-толку.Однапред благодарам!
Знае ли некој да ми каже зошто неможам да симнам messenger ми беше избришана апликацијата и сега нејќе ..... а имам меморија