Кокосово масло купувам исклучиво органско,голема е разликата од оние по маркетите. Сега се мислам дали да ставам во обично кафе!
Мене не ми се допаѓа таа варијанта. Мирисот на кафе е посебен и несакам да го мешам со други мириси...подобро ми е кафе и чоколадо од кокос
Девојки дали ако ставиш наочари, ако подоцна ти се поправи видот ќе можеш да ги извадиш? Среда сум на очно и се мислам да ставам мислам дека имам мал диоптер, ама се замислив ако не можам да ги тргнам понатаму да не редам. Некој ми вика стави полошо ќе е, некој не реди ќе се зафркниш, не знам што да мислам.
Стави, полошо може да е. Не се срамете од очила, за ваше здравје се. Еден ден може без вид да останете, на млади години. Прашај и за леќи успат.. наместо очила.
Видот не може да се поправи. Полошо ќе биде ако не ставиш, зашто така повеќе ќе ги мачиш очите и ќе ти се влоши состојбата. Камо јас да не чекав толку време само поради срам.
Здраво, дали некој има информација како се почнува со моделство, рекламирање? Дали има некакви огласи, конкурси и сл?
Каде да најдам убав планер? Важно ми е да е убаво организиран и прегледен. По можност да има по една страна за секој ден. Фала
Женски, имаме Dolce Gusto Mini и не влече вода воопшто.Ставивме оцет во садот ама не го влечеше воопшто.На youtube гледам има видеа само за бигор чистење и за други модели. Знае некој дали има сервис во Скопје?Или дали знае некој како да го средам?
За вадење на наочарите не знам, но имам другарка на која и се поправи видот и тоа многу..сеуште носи но драстично намале на диоптер..
Ме интересира бидејќи промената на името е искочена во Службен весник, дали има објава за менување на лични документи (лк, пасош)? Негде по сајтовите прочитав дека ќе мора ама не можев да најдам точно. Дали е некој запознаен со ова да објасни подетално бидејќи треба да вадам нов пасош па не ми се фаќаат дупли трошкови ако треба после со новото име да се вадат, а не знам ни рокови ни ништо
Колекционер сум на играчките од киндер јајцето, па да не знае некој штрумфовите на секое 10то ли паѓаа? Почнуваме со новите, старите веќе ги имам без Гаргамел, никогаш не ми се падна..
Да си ставиш наочари.Јас пред некој месец зедов,за далеку ми се,мал диоптер. И не ги носам секогаш, за на работа затоа што раб пред пц и кога читам некоја книга,не дека не гледам туку да не ги напнувам очите. Докторката ми рече дека со едното не гледам добро и напнувајќи сум го зезнала и другото малку. Се навикнав да ги носам на работа и подобро ми е со нив.Кога ќе ги извадам немам проблем добро гледам.Не чувствувам потреба да ги носам цело време. А инаку многу добро ми стојат. За леќи не би ти препорачала ако не мораш нон стоп да носиш очила.Малтретирање е и го мачиш окото. Дечко ми носи нон стоп леќи,вика сега додека сум млад.Кога ќе подостарам ќе си земам очила да не ги мачам очиве