Јас требаше пари од државата да земам (нешто како стипендија за првенец наградата), па морав во УЈП да одам сама да се регистрирам. Одиш таму и со лична карта се регистрираш сама ти. И моите исто за плата вака се регистрираа. После на меил ти стига дека си регистрирана и можеш да си се најавиш и електронски да си имаш увид во се.
@Dream-Girl @cresa-jagoda И мене ме збуни, и јас земав стипендија, па никогаш не требало да се пријавуваме во УЈП 3000 денари, живи глупости
Пишуваше на листот дека толку ќе земаат, од МОН што беше пратен...поради тоа морав јас во УЈП да одам и да пријавам данок. Да, стварно катастрофа, ем ти даваат награда, ем ти земаат дел...
@Dream-Girl Да, навистина апсурдно Инаку сега проверив на страната на УЈП и за регистрација прочитав дека потребно е само валидна е-пошта т.е електронско пријавување, не видов никаде дека до УЈП да се оди Исто пишуваше обврска за регистрација има секое физичко лице кое остварило приход за минатата година, ама претпоставувам тоа нема врска и дека секако треба да се регистрирам, иако остварениот приход ми е од сега.
Епа таму те пријавуваат така, даваш лични податоци, меил и тел. број, после се е електронско. Имаат број, јави им се ако сакаш и прашај си утре за сигурно. Само оди пред 14ч, после е општ хаос, никој ништо не работи. Едвај ми завршија работа после 15ч, иако работат демек до 16ч, а нема никој... Морало лично да те видат демек...
Тоа за регистрација е за новиот данок за поврат на ддв. Јас ни сум одела во ујп да се пријавувам ни ништо. Освен за други потреби не поврзани со лично пријавување.. Прашај во фирмата каде што се вработи дали има потреба од тоа, ако има ќе те пријави книговодството
Ми треба информација за издавање соба во Скопје за 2-3 вечери за двајца со најниска цена што може за следен викенд. Може и да е некој хостел но да е сепак пристојно. Ќе бидам благодарна за секакво инфо. Итно ми е.
Сите лица кои имаат некаков прилив кој е одданочлив мораа да се регистрираат во Е-ПДД системот. Постапката на регистрирање е најпрво сама се регистрираш електронски ( види на сајтот на е-пдд, одиш на регистрација) со твои лични податоци и валидна e-mail адреса. Откако ќе се регистрираш ќе го испринташ образецот дека си регистрирана и одиш лично во УЈП, со лична карта да го однесеш тој лист и толку е. Ќе треба да си ги памтиш корисничкото име(односно e-mail адресата) и пасвордот со кои ќе се регистрираш. https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/home.seam
Каде во Скопје има вакви сијалици за надвор што се, околу 5 метри кабел и на батерии да се? Дали знаете цена отприлика? За брзо ми требаат, иначе ќе си нарачав од алиекспрес.
Сакам да прашам дали и некој друг сега брзо има ѕвонето да си закаже термин за пасош, ѕвонев 3 пати во петокот, еве и денеска од сабајле цело време вртам ама никој не се јавува, во што е проблемот. Мислев да не не е тој број, отворив и на нет, тој е.
Сообраќајна дозвола и лична карта од сопственикот се носи во осигурителната компанија каде што е осигурано возилото. За 10 мин е готово.