Порачав една маичка од нет , оставив податоци освен број, ама истата ја најдов сега кај мене во населба дупло поевтина број не сум напишала сега видов , а да пишам да ја откажам глупо ми е некако, како сега да се извлечам
Поглупо е на “финта” да се извлечеш, отколку културно да ја откажеш нарачката. Пиши им уште одма, можеби не ја пратиле.
Кога ќе ти пристигне не ја подигај пратката, слободно кажи си дека не сакаш да ја земеш. Нема да бидеш ни прва ни последна што го направила тоа.
Е браво! Затоа гледам по страниве се жалат дека нарачуваат, а потоа не си ги подигаат пратките. Не ми се веруваше дека постојат такви луѓе, ама ете!
Затоа повеќето страни ми бараат прво да платам, а потоа да ми ја испратат пратката Најкултурно и најфер е да им пишеш додека не ја пратиле да ја откажеш нарачката.
Тоа да, мене повеќе не ми се веруваше кога другарка нарача исто така маичка , ама немале М и испратија Л при тоа го исекле тоа каде што пишува Л а на сликата на нет што ја објавиле на местото каде што пишува Л убаво се гледа дека таму било исечено и од нивна страна доста работи не се фер, како и се во животот
Во пошта е без провизија за ЕВН, а за ВОДОВОД е 10 ден, за секоја друга сметка и во пошта и во банки има провизија
Да ме упатите кон тема за прашања поврзани со компјутери, или некој со познавање од истите да ми пише лп. Фала
Живееме на приземје во зграда, комшивката над мене е цел ден дома и стално чисти, тресе, пусти, фрла отпадоци (ѓубре од наострени боички, хартии и сл.) преку тераса.. Згора на се тропа цел ден ко луда, нема период од денот кога таа е мирна (зимоска цепеше дрва внатре, а имаме 5 месечно бебенце), полиција не ми реагира, не било во нивен домен работава, со неа не се збори, кога да и викнам преку тераса плука... Каде да се обратам? Се извинувам за должината на текстот
Совет на станари немате ли ? Едино вака ако успеете да и извршите притисок и дополнително секој ден да ја притискате полицијата да одреагира, секако дека е во доменот на нивно дејствување, само не им се работи на амебите.
Нема совет на станари, до душа има двајца пензионери како домаќини се ама ништо не можеле да направат. Полиција не реагира ама АПСОЛУТНО НИШТО! Ова е жива катастрофа од малограѓански односи Да ја тужам, со адвокат со се? Како да докажам за се што прави?