Сепак мислам дека треба на полицијата да притиснете. Ние сме во куќа па имавме проблем со комшии, жената фрлаше ѓубре од нејзиниот во нашиот двор, се дереше, навредуваше, прегласна музика во доцни саати, и по милионити пат звонење на полицијата дојдоа и овие се заплашија и престанаа. Исто би било и со живеење во стан, нема разлика. Мора да им досаѓате за да си ја завршат работата безрбетниците.
Да ми препорачате од каде да купиме комарници. И ако знаете цена да ми кажете за роло комарник, фиксен комарник, плисе и за на единечна врата.
И ние сега ќе ставаме комарници (уште немаме одбрано фирма) ама отприлика цените за плисе се 40-45 евра м2, роло 30-35 евра м2. Обични не знам, не прашувавме.
Се јавив во неколу фирми што прават комарници, отприлика ова се цениве: фиксен 15-20 евра за м2, роло 35 за м2, плисе 40-45 евра за м2, за единечна врата е 20-25 евра м2. Е сега има разлики во квалитет, едни се грчки, турски, бугарски...треба да се одлучи.
Знае ли некој во која полициска станица се упишуваа казнените поени во книшка? Кај американ колеџ ли беше, или автокоманда?
Ми стигнаа по грешка некои писма и сметки слична адреса е со мојата ама не е иста , кај да ги однесам сега ? Во пошта или?
Знам, рок си е рок и со причина е ставен. Ама роковите варираат од производ до производ, па ме интересира: иам 2 млека за сончање, еден со рок до мај годинава, а друг со рок до јануари годинава. Би ги користеле? Речиси цели полни се, па се мислам дали да ги фрлам.