Мене ми бараа само потврда за положена прва помош, уплатница и лична карта. Тоа беше пред 2 години, сега може имат сменето нешто.
Морам да те цититам за Тимчевски. Летово бевме и катастрофа, првичниот план ни беше да останеме со спиење ама се разочаравме. Многу убаво место, ама не се одржава ич, вложено е многу во него ама пропаѓа. Базентите не им се чистени никако, лежалките и се околу распаднато. Останавме само на по едно кафе, да не ни е џабе патот бидејќи кога ги видов пајаците и пајажините виснати над масите и до нас ми се згади. Можеби храната им е вкусна ама не би се осудила некогаш да јадам во такви околности.
За базенот и собите не знам, а во ресторанот милион пати имам идено немам никаква примедба.. Не знам како си имаат дозволено таков кикс.
Јас го купив од нептун пред 2 години, одеше во комплет со уште две фигара за крупни и ситни локни. Ужасно ја гори косата ама мн. убаво испаѓа на крај. На официјалната страна го немаат изложено сега видов ама можеш да провериш низ продавниците.
Мајката на дечко ми имаше успешна операција и денес ја пуштиле од болница дома. Дали во оваа ситуација се носи нешто бидејќи успешно завршило и е добра? Не сум била до сега во ваков случај.
Минатата година кога имав стомачен вирус, аптекарката ми даде некаква глина во прав во ќесе за правење 1 напиток. Не можам да се сетам како се викаше, знае некој? Памтам дека помалце од 30 денари беше.
Не е, не беше на Виталиа. И пакувањето беше мало ќесенце за една употреба, слично на Фервекс. Тегет беше опаковката, ми се чини. Како да почнуваше на "у"? Толку се сеќавам, а многу ми помогна и ми треба сега од иста причина, а срам ми е вака да објаснувам во аптека.