Неможев да ја најдам темата за патувања и сл. па ќе прашам тука. Треба да патувам со WizzAir, дали треба да ја имам испринтано картата?
Работен ден е. Кога е верски празник (пр. Водици) не се префрла нареден ден. Ако е државен и се падне во недела, тогаш и понеделник не се работи
Имам братучедка која не е од Скопје и треба да работи во Канела, ама не знам во која точно зошто имало две, црвена и жолта. Па ме замоли да се распрашам како е со работа таму, услови и тн... Па некоја што знае ако не и е тешко да ми пише во порака.
Што е со страниве joom wish? Има многу евтини работи што не е ни реално да се толку евтини?! Има некој порачувано од таму нешто?
Дали некој знае колку чини зелен картон? Поточно за автомобил Браво, за еден месец. Знам дека за секој автомобил цената е различна. Фала