Има некој искуство со разултатите за уринокултура од биохемија лаб во топанско? Се двоумам помеѓу авицена и ова, каде има поточни резултати?
Сакам да порачам преку ebay, значи одам на купи, и ми дава наидовме на проблем -.- некој да порачал во брзо време? Дали сте имале ваков пр?
Пијам магнезиум во прав без додатоци (од кесичка) секој ден или секој втор ден, со тоа што по одреден период правам пауза. Ми помага при главоболка, грчеви во мускули, кога спортувам понапорно или кога имам вртоглавици. Во бременост пиев и поголема доза по препорака на гинекологот. Немам поспаност никогаш, баш дури и ме освежуваат. Некои од магнезиумите што сум ги пробала ми правеа проблем со гргорење на цревата и дијареа, па тие не ги купувам (Магнезол шумливите на пр и магнезиумот на Natural Wealth). Една аптекарка ми кажа дека тоа може да е и од вештачките засладувачи (како сорбитолот) што ги ставаат во нив, па ако пиеш почесто може да се јави таков проблем.
Од каде купуваш без додатоци? И јас ги пиев тие на Natural Wealth и ми предизвикуваа дијареа па мислев дека ми е од самиот магнезиум
Парите од КБ пезнсиски фонд можеш да ги подигнеш само ако : - се пензионираш - ако недајБоже починеш, тогаш се префрлаат на член на најтесното смемејтсво. Но...и кога ќе дојде време за пензија, тогаш одиш во седиштето на КБ пензиското друштво и таму склучуваш договор за исплата на пензија. Пари наеднаш НЕМОЖЕШ да подигнеш, може само да потпишеш согласност на колку рати да ти ја исплатат пензијата.Незнам точно колку се минимумот и максимумот рати (ама мислам дека е од 60 рати т.е. 5 години па нагоре). Некои пензионери си склучуваат договор за исплата на 5 години и примаат висока пензија петте години па си ги употребуваат парите за шетање и уживање додека се на нога. Некои ја разложуваат пензијата на 15 години па земаат сигурни пари (какви-такви) наредните 15 години. Иначе, сето ова е теорија, бидејќи сите кои вложуваат во вториот пензиски столб сеуште не дошле до пензија и мислам дека отприлика би дошле за едно 15 години (да не елаборирам зошто за 15 години ке биде направена првата исплата). Кога се склучуваа овие договори за втор столб не лажеа дека парите кои се акумулираат можеме да ги употребиме и како депозит за земање добар кредит од Комерцијална банка, но после долги години (точно 15 откога влезе вториот столб) испадна пу-пу неважи. Каматите на вложените пари се многу мали. Добрата страна е што кога ќе остариш ке си земаш два пати месечно пензија-една од ПИОМ и една од КБ
Од Зегин ги купувам. Магнезиумот има лаксативно дејстово, ама ете некои производи помалце ми сметаат. Еве овие на пр. се едни од тие што ми се во ред: https://pharmanova.rs/mk/proizvodi/dijetetski-suplementi/item/37-magnezijum-300-direkt-pharmanova
Магнезиумот ја поттикнува работата на цревата, па ако сте имале дијареја, од него е. Вештачките засладувачи го зголемуваат тоа дејство на магнезиумот, пошто тие секако лаксативно делуваат во поголеми количини. Најдобар магнезиум е МагЦитра на HealthAid, ама па и поскап е.
Некој во Германија што живее може ли да ми каже дали има книги на англиски јазик или ретки се? Во сите продавници и книжари кај што влегов ми кажаа дека немаат на англиски...воопшто не држеле. Прашував и некои луѓе ама и тие не знаат. Има ли некаде за купување или џабе барам? И дали има посебна тема за Македонци во Германија овде на форумов? Може повеќе ќе видат
Мајки македонки у Германија се вика темата Џолке ( така нешо), мајка уште не си ама ќе те посоветуваат Како да најдеш книга а не како да станеш мајка, да не се разбереме погрешно
Мислење за осигурување wvp и детско штедење преку нив ми нудат? Обично не ги сакам овие работи кај што ме убедуваат и мољакаат сомнителни ми се...
Во комшии постојано слушам како мажот и се дере на жената - станува збор за млад брачен пар кој има мало бебе. Дали би презеле нешто? Не сакам да се мешам ама очигледно е дека таа е мн смирена штом го трпи а и врши психичко насилство и нема да преземе ништо. Нејзе никогаш не сум ја чула да повиши тон. Иначе однадвор тој не изгледа како лош човек.
Јас се имам осигурано - ти препорачувам. Мене никој не ме молакаше - осигурана сум преку нив во осигурителна компанија. Ако сакаш ќе ти дадам контакт на еден господин кој е осигуеителен брокер - тој ќе ти објасни подетално а и не мољака
Јас сакам да ве прашам вие што живеете во ЕУ. Дали знаете законски колку следува социјално на лица со посебни потреби и кои се условите? Јас бев во социјално тука и ми рекоа не можам да аплицирам од причина што Македонија не била членка на Еу и поради тоа што краток период сум тука. Е сега мислам дека има некоја дупка затоа што знам луѓе што се исто кратко тука зимаат социјално.