Мислам дека нема промена, барем за Галеб прочитав дека им се истите цени. Повратна е мислам 720 денари.
Да не знае некој навечер од Градиште према Охрид кога има комбе? Ми рекоа последното било во 8ипол ама многу ми е рано тоа
Имам маица од жоржет која лани ми се исфлека и ништо живо не ја извади флеката. Дали ќе може да се префарба во потемна боја со боја за текстил, да пробам сама дома?
Дечки, дали некој од вас има телескоп? Од секогаш ми било желба да купам, чисто за мене, ептен ми е мерак да си седнам навечер и да се изнагледам. Било каков совет и препорака би ми биле од корист, бидејќи навистина не се разбирам.
Како можам да гледам филмови на тв, ама што ги има на страниве. Место на лаптоп сакам директно да гледам на тв. Од страниве што се попкорн, гледалица. Јас сакам без да го симнувам филмот директно од страната да ги гледам ама на тв. Знам со кабелче може, ама јас немам поинаку дали може? Се надевам дека јасно пишав.
Имаш интернет на ТВ? Ако да само отвори на google и напиши го името на страната. Со кабелче може од лаптоп на телевизор, па екранот го гледаш на ТВ (а пушташ на лаптопот).
На popcorn не ми отвара мене, ама gledalica и другите слични може без проблем. Излегуваат реклами, само гаси ги табојте и ќе почне филмот.
Малце глупо прашање, али денес неработен ден е и не ми се јавуваат од ниедно карго. Треба итно да пратам пакет да стигне во друг град до среда, дали има опција утре да го испратат да стаса за еден ден? И кај да прашам, дали дхл или карго експрес за да не губам многу време утре?