Здраво женски, сакам да ве прашам дали знаете за да ја напуштам Хрватска и одам за Македонија ќе ми бараат тест на хрватскатс граница?
Не сум користел. Сега порачував безжични слушалки од Алиекспрес, и око ми фатија едни Bauhaus од 30тина долари, но наидов на огромен попуст на едни од Шаоми, па тие ги купив. Сеуште ги чекам, па не знам какви се. JBL беа мислам малку поскапи, па веројатно се и подобри. Кој модел го гледаше?
Само таму, а можеш и online да си закажеш и има опција да си ја подигнеш од твојата општина или некоја во близина.
Имам веќе 5 години Јбл,купени се 30 евра,жичани,се пикаат во уши.Искрено сум презадоволен,следни пак ке бидат Јбл без разлика на цената.
Во Стара комерцијална банка кај камени мост. Можеш онлајн да си поднесеш барање па таму кога ќе го земаш само уплатници да однесеш, ама моето искуство кажува дека мојот извод за кој поднесов барање физички, беше готов за 10 дена, а жената која чекаше пред мене за да си го земе изводот, а поднела барање онлајн 1 месец после поднесувањето се уште не и беше готов изводот и се караше таму.
За еден ден е готов кога се закажува онлајн. Скоро вадев, сабајлето закажав, вечерта ми стигна маил дека можам да го подигнам. И ако се закажува онлајн не треба уплатници, со картичка може да се плати.
Таков рекорд за 1 ден да е готов извод немало во цело постоење на Стара комерцијална банка како место каде што се вадат изводи. Не лупетај.
Не лупетам, кажувам како што било. И како ти може да знаеш како е кога не си закажувала онлајн? Иди провери како функционира сега, па дојди да дискутираме.
Има во Ла Сои. Имаат продавница на Климент Охридски и штанд во Веро Џамбо. А мислам дека би требало да има и во Зегин. Цена 300 или 350 беше.
Јас закажав онлајн за во мојата општина, ме враќаа 10 пати со образложение дека нема тонер, на крај ме пратиа во главното кај камени и не можеа да ми издадат, па пак назад, па пак едно 3 4 пати така и на крај го добив златниот извод. Ужас е како и да вадиш, ти си имала некоја ултрааа среќа или случајност. Милион луѓе се незадоволни, читај и по фб групи и по форуми. А и со пасошот се случи слично. Тој систем функционира УЖАСНО. Уште ме држи револтот
Изгледа јас сум имала среќа, кога отидов во општината немаше никој пред мене и за две минути ми го испринтаа.