На mail можеше да се испратат пополнетите барања и скенирани документи (лична карта и првата страница од здравствената книшка). Се надевам дека се уште функционира тоа. Најдобро види на нивната страна или пак јави се подобро да ти објаснат.
Феминки како плаќате струја? Бев денес во стопанска да платам 3 сметки и провизија 60 денари на една сметка ми зедоа , за мене се многу , дали постои поинаков начин ? Јас плаќав во мак.пошта ама сега не работи
Каде може да дадам нова, неоштетена ниту пак носена облека која не ми треба? На црвен крст не знам како идат тие работи? Треба да ги контактирам или? Од друга страна скептик сум каде стварно завршуваат тие работи? Има ли некој така давано работи?
Имаат ЦК контејнери, ја фрлаш во нив убаво спакувана, да не се отвори при фрлањето, и после тие ја даваат на киј му треба. Има и групи на фб ама мене ми е мнигу замарање тоа, треба да ја носиш или да праќаш по карго, па не им се свиѓа па вака, па така...
Не знаев во која Фитнес тема да прашам па ај тука. Дали некој знае каде во Скопје може да се изврши мерење за процент на масти, мускули во тело? Но да не е нешто поврзано со секта како Херба лајф и слично, онака да отидам да си измерам&платам без дополнителни обврски. Фала ви