Каде можам да најдам квалитетни тавчиња, овие за чизкејк од страната што се отвараат. До сега што купувам се многу неквалитетни, ќе се распаднат веќе на втора употреба.
Како што објасни @Blue.Sky е вид позајмување, но сепак треба да се има во предвид една надополна. Лизинг е вид позајмување на одреден предмет (најчесто возило: автомобил, автобус, трактор, булдожер и тн.) со кој може да се заработуваат и пари (на пр. такси) а за којшто предмет секој месец се плаќа рата. При тоа предметот задоложително мора да биде и осигуран. Откако ќе се отплати последната рата, тој предмет станува сопственост на уплатувачот. Доколку се пропушти само една рата, изнајмувачот (на пр. банката) возилото го зема назад и си ги задржува дотогаш уплатените пари. Предметот (возилото на пр.) на лизингот значи воедно представува и средство за обезбедување на наплата. Кај обичниот кредит, потрошувачот одлучува што и колку ќе си купи и со тоа станува сопственик на предметите, но не и на дадените пари (кредитот). Тие треба да се вратат со редовно се отплаќање рата. Ако се пропушти рата, се пресметува камата и така до одреден рок. Ако не се отплати кредитот до определениот рок, банката нема да ги одзема купените предмети, но посегнува по други начини за наплата на долгот. Не, бидејќи за да легално работиш полно работно време треба да те пријават во завод за вработување а со тоа да ти тече стаж, здравствено и пензиско осигурување. Исклучок е ако втората работа е за хонорар (за кој што исплаќачот уплаќа и персонален данок), на пр. превдеуваш или попладне држиш приватно часови англиски или молерисуваш но за тоа не ти тече тогаш стаж, пензиско и сл. Реанимирај се под хитно , и иди земи каталог најнов од Зегин. Прозиводите означени со бисери и/или поени се тие кои носат некаква придобивка.
Дали порачувал некој од wish? Многу ми е конфузна страната, на алиекспрес е попрегледна. Конкретно ме интересира за облека. Има разни броеви, но никаде не можам да најдам табела на што одговараат, скролав нагоре надоле, не можам да најдам.
Од каде треба да се вади семејно-материјално? Дали треба лично да се оди, бидејќи треба да се вади за мајка ми? Треба ли нешто да се носи документи?
Да не видел некој во скоро време од сетовите на Гуд нејтер чај со чаша ? Ама од прозирните чаши не од белите . Не можам да најдам никаде
Каде можам да испринтам една илустрација (од Etsy си купив за да ја урамам) во димензија 50х70цм? На сите овие места за принтање гледам понуди само за големи количини промотивни постери, мене ми треба само едно парче. И дали знаете која цена се?
Во Пехчево има адреналински парк..кој што моментално не работи. Надвор од Пехчево се водопадите и месноста Равна река. Нагоре има патеки за пешачење.. една до Бреза (голем круг за со точаци) и една до врвот Ченгино Кале.. Од Пехчево имаш патеки до Кадиица (највисокиот врв тука), до Јудови ливади, до едукативниот центар во Негрево, до Вртена скала, до Буковиќ.. Има маркации за сите патеки, само таа до Ченгино и Бреза ќе се обновува. Ова лето одбележавме околу 200км патеки во Берово и Пехчево, а моментално се монтираат стубчиња со нови патокази насекаде.. Во скоро време ќе се пушти и апликација за андроид каде што ќе ги има сите патеки, податоци, насоки.. И ќе има стубчиња со QR код со чие скенирање ќе добиеш разноразни информации Не дека те интересираше баш тебе ама еве на некој може ќе му користи макар за на пролет
Побарај ги Летра дизајн; Печатница и Книжарница Вере, Дигитал Бокс од Охрид, мислам дека ќе ти помогнат
Имам јас порачано, но не облека. До сега тоа што имам потачано ми стигнало, но на многу од производите им пишува дека се една цена, а кога ќе стигнеш до делот за да платиш, излегува скриениот shipping и скоро на се има дополнителна сума што треба да се плати од таа наведената.. Од тогаш немам порачано ништо, Али Експрес ми е многу попрактичен и само тој го користам сега
Јас им испратив своја креирана илустравија ма LittleCozyThings, можеш да ги најдеш на инстаграм. Прашај ги и ќе ти одговорат веднаш
Здраво, сакав да прашам дали некој може да ми препорача добар сервисер за компјутери во Скопје, ама од лично искуство. Благодарам однапред девојки
Веројатно не, ратите одат обично преку платежни кредитни картички кои банките ги даваат на лица со редовни примања - личен доход.
Алкон ПЦ, позади универзална спроти градинката во една куќа. Обично лаптопите таму ги поправаме. Добри се и цените делуваат во ред. Време на чекање зависно дефектот и потреба од делови.