Подобро е да прашаш колку би чинела поправката по некои од сервисерите, па потоа ќе одлучиш дали вреди или не, зависно од сумата.
Попусти има редовно во продажните објекти (Техномаркет, Нептун, Сетек), некаде помал, некаде поголем процент. Следи ги објавите за производот што сакаш да го купиш. Спојлер: . На овој начин пред два месеца земав електричен шпорет со пониска цена за 6.000 ден.
Дали имате испраќано пратка во странство преку пошта но без адреса туку post restant? Не ја знам адресата а сакам да испратам, па не знам дали може само така град и телефонски број да запишам. Во врска со пошта, дали го имате користено калкулаторот што им е на страната и дали е точен со тоа колку ви зимаат таму?
Мене така ми имаат испраќано, јас лично не сум праќала, може така ама ако таа личност се води така во пошта, јас бидејќи не сакав да дадам адреса така сакав да ми пратат преку post restant и ми рекоа од пошта дека следен пат нема да може така, најубаво да прашаш во пошта, инаку го пишуваш само името и презимето и тел број така, мене не ме известија дека ми стигнала пратка, туку си проверував во пошта...
Дали нарачувал некој од bigshop.mk ? Планирав да земам звучник+микрофон од кај нив но се плашам да не се неквалитетни
Знае некој дали доколку имаш купено од некое ваикики доколку нема бројче за замена во истото, може во друго да се замени?
Феминки, Коцарева ателјето го префрли Ск, е сеа ме интересира дали сеуште работи и во Ох, или целосно е префрлена таму?
Дали некок деновиве пробал да нарача онлајн од литература.мк? Од петокот пробувам нешто не сака, дали е само кај мене или секаде?
Во кои од лабораториите низ Скопје е попристапна цената за испитување на крв? Основни параметри како хемоглобин, еритроцити, леукоци...