Здраво Невработена сум моментално, се пријавувам во завод редовно секој месец. Заради хх причини овој месец го пропуштив терминот за пријавување. Ме интересира кој е сега мојот статус во агенцијата за вработување и дали ќе можат да ме пријават во завод ако во меѓувреме најдам работа? П.с вртам постојано во заводот , но никој не се јавува.
Никако. Тој дел од паркетот е оштетен. Може со безбоен лак за нокти да премачкаш за да не се прошири од газење со обувки.
Не се разбирам премногу во телефони, па ако може некој да ми каже што да направам. Телефонот започна да ми се полни премногу бавно, а батеријата да се празни побрзо при користење. Дали треба да купам нова батерија или нов полнач? Однапред благодарам
Дали може да ми кажете како најлесно можам да исчистам боја од пегла за пеглање алишта? Си ја обоив со друга ткаенина и не излегува обично само со вода и сунѓерче
Колку се плаќа здравствено осигурување ако сте невработени? Како оди постапката? Се пријавуваш во социјално кај југо дрво?
Да Не се плаќа, ако немаш приходи. Инаку да, во социјално кај Југо Дрво. Ќе ти треба здравствена книшка, копија од извод на родени, мислам и копија од лична карта, таму ќе ти дадат обрасци да си пополниш. После една недела ќе треба пак да одиш, за да ти го запишат новиот број во здравствената книшка.
Ве читам во врска со затварањево сметка во стопакска и нешто ме замисливте. Јас имав сметка за да примам плата нели отворено преку нивна банка и после исто на нивна банка добив и купувам домашно картичка. Во декември отидов да си ја затворам сметката и секако ми ја побараа и таа купувам домашно картичка и двете ги пуштија низ машина и ги уништија. Потпишав дека сум поднела барање и дека се уништени и тоа е тоа. Не добив никаков документ . Сега ме замисливте, како да проверам дали ми е затворена сметката? Имам сметка на др банка и навистина не ми е потребна оваа на стопанска а не би сакала да им плаќам за нешто што не користам. И да, немав електронска сметка за проверка. На кој начин да проверам дали ми ја затвориле?
2020 бев вработена, земав плата, плус таа купувам домашно ја добив и плус скенирам фискални. Тоа се смета како приход така? Гледаат од предходната година? И на основа на овие приходи колку се плаќа?
Да има но тие не се баш практични. Имав и не ги препорачувам ги изгубив во вода. Специјални според мерка се прават во Слух 1 во Лептокарија.
Ако немаш поголем приход од 174.000 денари за 2020 нема да платиш ништо. Во спротивно мислам дека се плаќа околу 1.440 денари.
Кај месечен извештај за кредитна картица од стопанска, најдолу има одобрен попуст. На каков попуст се однесува? За следно купување или за тековната обврска? Прв пат користам и не се разбирам. Едит: за веро маркет важело. Ми кажаа сега.