Не отидов многу рано ама и немаше многу гужва. Бев на Шапка околу 11:30, полиција да ни кажа каде да паркираме ама немавме повеќе од 10 минути одење. За кафе и чај од Конак земавме два пати, 2/3 ако имаше пред тебе да се почека минутка две. Воглавно како за викенд беше ок, многу вееше и беше преубаво, за вчера зборувам.
Немам здравствено осигурување, треба да се пријавам во социјално, така ми кажа книговодителката на татко ми. Каде е тоа? На југо дрво? Или е преместено? Гуглав ми дава нешто во центар на рекорд, фонд за здравствено. Ме буни дали е тоа исто?
На Југодрво е. Таму треба да се пријавиш за здравствено. После црвен крст десно. А, гледано од постојка лево
Таму е кај Југодрво. Не е преместено. Ти треба здравствена книшка, копија од лична карта, копија од извод на родени и таму ќе ти дадат образец за пополнување. После една недела од поднесување на документите со здравствената книшка ќе треба пак да отидеш (ќе ти кажат и они), за да ти го запишат новиот број во здравстената книшка, а стариот ќе го чкртнат. После некое време (мене после скоро 3 месеци) ќе ти стигне на домашна адреса и решението дека си осигурана здравствено како невработена. Инаку ти уште одма ќе бидеш осигурана, ама покасно ќе ти стигне решението. За да не платиш ништо, за 2020 година не треба да имаш приходи поголеми од 174.000 денари. Во спротивно се плаќа околу 1440 денари месечно за здравственото осигурување.
Девојки орхидеи, големи, сеедно со две или едно гранче, каде има по нормални цени? Порано наоѓав на Бит Пазар по 500, 600 денари затоа што не ми се дава по 1000-1500. Ама сега нема ништо на пазар. Фала ви девојки на одговорот. @cresa-jagoda а нешто од ујп ми треба да докажам за приходи или оди електронски?