Дали може да се пробува по гардеробите во продавниците во Сити мол? Бев минатиот викенд и гардеробите беа затворени во некои продавници, а сакам фармерки да земам, не можам без да ги пробам.
Женски здраво. Дали имате информации како вонредните студенти на УГД добиваат материјали од професори и како да се дојде до нив? Како ќе се полага и каде има распоред? Дали има некоја студентка било која година овде од филолошки штип, ми треба малку помош околу инфо. Благодарам
Знаете ли кај ги има парфемите на Сантини освен по парфимериите, оти неможам нигде да го најдам тоа бројче. Да не ги има и во ДМ случајно?
Здраво ,мажена сум од еден град во друг ,при промена на л.к никој не ми кажа дека треба да се одјавам / пријавам и сега освен во л.к на сите други места (УЈП,ПИОМ,ФЗО итн. )сум со старо презиме и стара адреса ,што точно е потребно за да го сменам ова ?
Па не треба некој да ти го каже ова, подразбирливо е дека ќе треба да ја промениш адресата... Повели прочитај овде, се надевам дека ќе ти е од помош: https://mvr.gov.mk/upravni-rab/19
Ама адреса променив јас ама требало некоја одјава од мојот град ,па пријава тука... Едит: ауу 8 дена ... Јас една и пол година живеам тука ,леле казна ќе треба да платам
Одјава исто во МВР мислам дека се прави. Јави им се во градот од каде што треба да се одјавиш и прашај ги.
Одјава се прави во МВР во местото каде што претходно имаш жителство. Врз основа на тој документ добиваш пријава на друга адреса и ново жителство. Тоа е процедура што сама требало да ја средиш досега.
Штом ти издале нова лична карта со ново место на живеење, го имаат тоа средено по службена должност. А за другите институции ќе одиш една по една за да промениш податоци.
Девојки, дали Скечерс патики носите ист број како и други модели на патики, пример Најк или Адидас? Сакам да порачам онлајн, ама ако се водам според сантиметрите во табелите треба да порачам број помали. Дали да се водам според сантиметрите или да го порачам бројот што го носам вообичаено?