Во таа тема никој не може да пишува моментално. Нема врска со тоа што си нов член. Изгледа има мислења што се за бришење/преместување па затоа е заклучена.
Луѓе, дали знаете што треба да направи лице кое е невработено и нема здравствено осигурување, да добие здрав.осигурување? Што е потребно и каде најпрво да се обрати?
Пенкало од кожа се вади со млеко ама ако членката пробала со све и свашта мастилото е впиено во материјалот и закоравено и тешко дека би излегло. Инаку на чиста кожа се става млеко и нежно се трие со крпче, мастилото излегува. @anggell
Најпрво со тоа пробав, така имав вадено пенкало од гарнитурата кога син ми ја направи ремек дело , а потоа минев со кокосово масло и беше супер, ништо немаше на неа. А суќната само за нијанса се исчисти, другото стое, се надевам со тек на време ќе избледи, само еднаш успеав да ја носам
Подарок за 12-годишно девојче што има огромна љубов кон астрономијата? Има секакви енциклопедии. Имав на ум некоја макета на планетите или нешто како некој сет за учење, но не знам каде би имало. Во Просветно дело гледам имало нешто, ама мислам дека е за помала возраст. Може да биде и нешто како игра или ептен добра сликовита книга. Има навистина знаење од оваа област и сакам нешто што ќе и' се допадне и ќе и' помогне да напредува. Секоја идеја е добредојдена.
Треба и копија од извод на родени. А од личната карта исто треба копија да има направено. @Oscar Lady Еве и да се цитирам, сега брзо имав пишувано во темава за истото.
Можеш да прашаш по книжарнициве за телескоп. Мислам дека има и во Просветно дело, а има и по попристапни цени од 1000 и нешто денари.
Јас купив од Просветно дело. Не е баш за помала возраст. Супер зголемува. Сега не е професионален, ама тој кошта сума. Овој беше мислам околу 1200, а имаше и малку поскап, но немаше некоја голема разлика. Ќе се израдува ти гарантирам. Само треба да си многу стабилен за да гледаш.
Каде се наоѓа Боб'с? Улицата е Орце Николов ама на Гугл Мапс ми прикажува 2 различни локации на оддалеченост километри една од друга. Дали е некаде кај лептокарија?