Пред пола година правев, 1500 ми зедоа. Фотографии имаше и повеќе од доволно. Ти сама си кажуваш време и локација.
Дрвојки кажете предлог подарок за прв роденден на внуче. Не ми се зима класика облека ама па и немам идеја за нешто друго.
Во Просветно дело порано имаше. Зависи до колку пари. Можеш некое дубаче да му купиш или некое друго помагало.
Има многу убави шатори на Intex, како куќарки се со конструкција. На две места имам однесено, родителите се воодушевени. Им ги монтираат во дневна и ги користат долго време.
Во подобро снабдените продавници за играчки речиси секаде низ Мкд, нешто помалку од 2000 ден неа. Еве https://platinavrata.mk/shop/sator-za-deca-intex/
Според мене помодерна и убава верзија се магични шаторчиња на Instagram или magical Indian tent или matra на Facebook
А тоа ги прашав ама не сакаат они така, испаѓало дека нарачуваат. А така ќе ми беше најлесно, а не вака да нагаѓам.
Земи шо ти се свиѓа тебе. И мене некој кога ме прашува шо сакам ми е незгодно да кажам и викам “ништо не треба”. Не дека некој стварно ќе дојде со празни раце ама ми е глупаво “еј сакам ова и ова”. Што ти се свиѓа земи, дете е тоа, се треба во тој период.
Јас имав нарачано во август, дојдоа брзо за околу 2 недели. Супер задоволна сум од квалитетот, сите ептен добро сочувани и спакувани (околу 10тина имав нарачано). Две книги каснеа ден два па им пишав да не не ги пратиле, но одма ми вратија и фино ми објаснија дека се пуштени и секако ќе стигнат. Топла препорака.
Итно: Кога отидовме во Грција требаше да пополниме еден онлајн документ и ни стигна код. Дали истото важи и за Германија и ако да тогаш која е страната. Ви благодарам